спроведува несв.
спроведување ср.

спроведува (несв.)

Нивна задача е да спроведуваат некои важни упатства и да ги штитат интересите на нарачателот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еден од методите на лечење кои ги спроведуваше доктор Гете наликуваше на газење по лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога тој е неспособен за плаќање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А законот не е закон ако не се спроведува и не се почитува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веќе нема никакво оправдување за тоа молчење на многумина, бидејќи овде сега најдрастично е загрозен секој човечки морал - со неморалот што се спроведува „во име на нацијата и народот”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Извршителот го спроведува извршувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Законот сѐ уште не можеше да се спроведува, освен ако се постапува незаконски.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не знам колку време ни треба да сфатиме дека треба да се спроведуваат казнени мерки, санкции против сите што се однесуваат како вагабонти, да не кажам, како леванти со македонската драматургија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Имаше мудрост, голема мудрост во советот на покојниот Татко, којшто Мајка умно го спроведуваше одржувајќи ја рамнотежата помеѓу сите свои израснати чеда, со нивни семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
(...) Тој иредентизам, во област во која на бадник спонтано се пее O, Tannenbaum!, овозможува одличен пример дека наречјето, наследната конституција или традиција не спроведуваат над поединците апсолутна моќ која инаку на тие чинители им ги подаруваат науките за човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Генералите на војските кои ја спроведуваа волјата на генералштабовите, владите на завојуваните страни, во Солун, се подготвуваа за големата војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Карактеристика на овој случај е што тужениот работодавач е организација која спроведува странски проект, поради што тие мислат дека имаат големо влијание во општеството и за нив законските ограничувања како воопшто да не важат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пермисивноста која ги пречекорува цивилизациските конвенции повеќе го злоупотребува либерализмот отколку што го спроведува, бидејќи во една точка тој ќе мора да се заштити со драстични мерки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Студијата која ги обработува основите во тестирањето на пропагандните пораки укажува на следното: 1) ефектот на пропагандната креација не може да биде измерен доколку барем два пати не е изложен на перцепцијата на целниот сегмент на побарувачката (терк); 2) секое препознавање на целите на истражувањето од страна на испитаникот ја докажува погрешно избраната метода; 3) секое истражување се спроведува со споредување на резултатите од контролата и експерименталната група; 4) тестот на присеќавање се прави како со така и без помошта на испитувачот; 5) се мери степенот на преференција во одредена група производи; 6) се мери поттикот за купување и се утврдуваат конкретните причини; 7) тестирањето се спроведува на еден дел или пак на целиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Во нашите упатства за работа - рече Англичанецот - не ни е одредено да спроведуваме плебисцит меѓу населението...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Под маската на љубопитен ентомолог, Петар Бем го спроведува својот пеколен план на освета.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Плениците ги носиме, ги спроведуваме, а тие само плачат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаеше до бесконечност да измислува, да спроведува, да исполнува, да реализира акции.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секој од вокалите/раздели во „Две тишини“ има автентичен есеистички влез преку кој читателот се спроведува директно во „собата“ на песните групирани во тој и тој вокал.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Повеќе