сретнување (ср.)
Укинувањето на строгата разлика помеѓу текстуалните родови се обидуваме да ја формулираме на една речиси невидлива, философско-литерарна граница, на едно место кое би можело да биде подрачје на најплодни сретнувања, меѓупросторот на стилизацијата на новиот, хибриден дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Има повеќе од една година кога, при едно случајно сретнување, го посетив најспокојниот денешен раскажувач на Европа, авторот на Мостот на Дрина и му го споменав расказот Писмо од 1920 година.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тоа беше нивно прво сретнување во куќата откако исчезна нивниот голем пријател.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)