среќник (м.)
Се разбира, и нашите двајца генерали поверувале дека би можеле да се најдат помеѓу тие среќници, но за жал немале никакви документи со кои би го докажале својот чин во руската војска, а Борис Степанович сосема разбирливо, одбил да им издаде уверение дека се генерали. Вистинита но и тажна приказна!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Старецот се сметаше себеси за среќник Бидејќи му се измолкнал на фатот на судбината.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Денес прочитав возбудлива вест за некој среќник што дипломирал на архитектура.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Понатаму, внимателно таа лева рака забележала дека тие среќници (значи, луѓето) не живеат во очекување на некоја строго одредена доба кога ќе можат да расцутат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Притоа не заборави да напомене дека јас сум единствениот среќник на кого, таа ноќ, му прават услуга.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не знам што повеќе ме погоди во исправката: фактот што стариот грешник станал грешно место или прашањето што се уште ме копка - за кој среќник скопскиот саем таа вечер беше бил вистинското место?
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Вие сте сепак среќник во однос на нив.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Станав пратеник. Како? Не прашуј како. Ја сум еден од 120-те среќници.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Дали им ги има видено некој лицата на тие среќници?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
На сламениот душек со некои тешко пронајдени, некакви си тенки покривки, изработени од волна, лежеа кротко, тие двајца среќници.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Човек да му завидува на недисциплинираниот среќник.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)