среќно (прил.)

Па, нека му е среќно растењето!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Значи, во сонот, лично тој станал царски зет, добил цела една област за управување и живеел многу среќно со прекрасната царска ќерка која му родила дури седум дечиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во очите им гореше желбата Ластовицата среќно и здраво да стигне до своето родно гнездо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со устето вешто дувнав свеќичката згасна дечињата среќно пејат ко во прекрасна басна.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но тоа делење среќно е избегнато само од случајната неопитност на нашите непријатели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некои од другарите веројатно и денес помислуваат дека среќно сум се извлекол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Туку, сѐ едно... Среќно се извлековме... - додаде потчукнувајќи ме по коленото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но ние среќно се довлековме до бавчите крај училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ уште среќно си спомнувам за тоа прекрасно старче и за оној црн леб донесен во двоколката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пак трчајќи фатив ново такси. На автобуската набрзина земав билет и среќно заминав за Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ти, иако си мала, многу добро се сеќаваш каков убав живот имавте, како сложно и среќно си живееја мајка ти и татко ти.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се бакнаа рутински. – Како се чувствуваш? – ја праша тој. – Среќно, зашто најпосле дојде, зајче – му рече таа. – Ова беше полошо и од смрт.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си направи потоа дедо Гога убава куќа со широки соби и балкон, купи за себе високи рибарски чизми, а за бабата шарена шамија и везени папучи, и си заживееја двајцата убаво и среќно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си нарача тој пица и ме бакнува во уста среќно, таму пред сета јавност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој ќе се врати, а јас ќе знам дека среќно си стигнал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега среќно омажена, живее богато како принцеза.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Така среќно стаса и до дома, колку да го освежи лицето и да промени облека, пред да се појави на работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога се чувствуваме беспрекорно одлично и среќно ако не го поделиме тоа со вистинските луѓе, кои знаат да се радуваат и тагуваат со нас, таа среќа никогаш нема да биде целосна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Родот на тој човек, кој си живеел среќно, попаднал во ропство на некој друг род; победничкиот цар, прво што направил, заповедал да се соберат сите штички што зборуваат и на клада да се запалат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А што станало со ластовичиното семејство. Тоа од тогаш заживеело пак среќно, се намножило и се прснало насекаде, низ целиот свет.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе