срж (ж.)
Како да си им гибнал во сржта на колективната суета.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Гледајќи во небото, дишејќи длабоко полека ги затвори очите и само ја чувствуваше во себе убавината на чувството кое ѝ се разлеваше низ телото и целосно ја обземаше секоја нејзина пора, продирајќи до сржта на целото нејзино битие. Чувството на љубовта и нејзиниот бескрај.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сликата ти е недофатна
божја, сатанска, бесмртна
бела, охола ало,
лакома суето, Киту
твојата јасна росна јарост
крвавиот рев
вресот на твојата пена
- грбна лавовска локна
зборот може поверно да те опише
од било која икона, лажен идол
-развратен знак на китоловците-
Милосрдна срж, срцевино, божилаку
казни ги поганите: скриј ја вистината
‘рскавицо на покајанието
послушај го умот на бога
Магу, уживач на морски бездна
- утробата на светот
Цицалче големо
лицето исцели си го од длабочини,
Ламјо совршена
прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Впрочем и не би можел да не се помамам по зелената боја кога таа не наидува туку извира од мене, од срцето ми извира, од сржта на она што сум јас.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Доста време поминав со потполно скршени, луди луѓе, и дефинитивно сметам дека е потребно во срж да се измени почетното образование и подготовката на професионалците што работат со таквите луѓе.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
По вторпат иницијал, врел жиг низ теме до сржта на разумот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Томето немо стоеше потполно предавајќи му се на мигот, на најубавиот момент во нејзиниот живот, чувствувајќи ги прекрасните топли, меки усни на своите како ја исполнуваат со чудесен длабок мир и бескрајна топлина, светлина и убавина кои ѝ се ширеа се низ телото до сржта на секоја клетка.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Попусто, Ниту е доба пред цветање Ниту пак нешто гасне: Некое темно ѕвоно Ја опустоши нашата срж И дивна усама околу се ниша.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Се чуствувам повеќекратно исцрпен. Во сржта на моето тело тлее еден очај од кој чуствувам како одвнатре се топам и истечувам, дотрајувајќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
6. Од праискони некое темно ѕвоно Ја опустоши нашата срж И во предел на дивна усама нѐ всели.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Застрашувачко продирање во сржта на мракот кој владее над Албанија во времето на Црвениот султан, како што го нарекуваа Енвер Хоџа, при што авторот останува тврдоглаво верен на својата почетна намера: да се откријат во ткаежот на балканските времиња за подобро да се согледа целата шара.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Идејата е таа против која приговараат, а несогласувањата одат токму до сржта на нашата сегашност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Чувство на возвишена убост од преголема емоција, таква каква што има виолината на Паганини кога ја свири најпробојната мелодија, онаа која те приближува кон вечноста, онаа која те прочистува до сржта.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Продир самоуверено гризе до сржта на коските, а раната до смрт боли! Нема ниет да зарасне...
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Во својата анализа на Бентамовиот Паноптикум, Фуко обрнува внимание на структурата која е во сржта на неговото делување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Имено, дедо Иван, подозрителен до сржта на коските, долго и сомнително ги премеруваше, се колебаше дали да ги прими и нема ли со тоа, заради извесна парична полза, да си навлече само поголема беда, од која после тешко ќе биде да се откачува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Знаеше ли Филозофот што му зготви мојата гневна, до срж повредена душа?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мозокот на зелено- бакрениот профил беше до срж натопен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)