стадиум (м.)
Ние поминавме во своето историско развивање веќе важни стадиуми што можат да претставуваат епоха во историјата на кој и да е народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Првиот стадиум во станувањето на партизан беше беше растурач на летки.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Фактите покажуваат дека разликите помеѓу одделни капиталистички земји, на пример во однос на протекционизмот или слободната трговија, обусловуваат сосема несуштествени разлики во формата на монополите, или во времето на нивното појавување, а пораѓањето на монополот поради концентрацијата на производството е општ и основен закон на современиот стадиум од развитокот на капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ КАКО ПОСЕБЕН СТАДИУМ НА КАПИТАЛИЗМОТ
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
За идеографското писмо обично се зборува како за подоцнежен стадиум на развој на пиктографското писмо.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Исто како што робовите, слугите и проститутките беа терани да ги продаваат своите тела во времето на преддигиталните стадиуми, луѓето во 2008 ќе ги продаваат своите мозоци.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како преодни стадиуми кон полното одделување на македонските интереси од бугарските и српските, т.е. кон националниот сепаратизам, служат политичките револуционерни организации и политичкиот сепаратизам пропагиран од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Империјализмот е капитализам во оној стадиум на развитокот кога се создава господство на монополите и финансискиот капитал, истакнато значење доби извозот на капитал, почна поделбата на светот од страна на меѓународните трустови и се заврши поделбата на целата територија на земјата од страна на најкрупните капиталистички земји.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Деридаовото преиначување на смислата му соодветствува на преминот што францускиот психоаналитичар Жак Лакан го опиша како пресуден во раснењето на човекот - за неговото одвојување од нарцисоидниот стадиум на огледало.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
А сега треба да се одбележи дека империјализмот, сфатен во споменатата смисла, претставува, несомнено, особен стадиум во развитокот на капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Дали другите го чувствуваат новиот стадиум.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ние понатаму уште ќе видиме како може и треба поинаку да се дефинира империјализмот ако се имаат предвид не само основните чисто економски поими (со кои се ограничува приведената дефиниција), туку и историското место на соодветниот стадиум на капитализмот по однос на капитализмот воопшто, или односот на империјализмот и двете основни насоки во работничкото движење.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Ако треба да се даде колку се може пократка дефиниција на империјализмот, би требало да се каже дека империјализмот е монополистички стадиум на капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Во својот империјалистички стадиум капитализмот сосем доведува до најсестрано обопштествување на производството, тој, така да се каже, ги вовлекува капиталистите против нивната волја и свест, во некој нов општествен поредок, во преоден поредок од полна слобода на конкуренцијата кон полно обопштествување.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Сега сум во стадиум на ларва, обична гасеница во кожурец.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Дури и капиталистичката колонијална политика на поранешните стадиуми на капитализмот суштествено се разликува од колонијалната политика на финансискиот капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Секој стадиум на човековата култура дефинира меметичка еволуција во однос на неговите медиуми, неговиот јазик.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тимоти Лири НОВА РАСА Memis: Само-реплицирачки идеи кои се шират меѓу хуманата популација, предизвикувајќи културални мутации. Neoteny: (1) Достигнување на напредна функционална зрелост уште во стадиумот на ларва; (2) задржување на оптималните за опстанок ларвични или недозреани карактеристики во возрасниот период, одбивање да се престане со растењето, проширување на развојниот период.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Постариот внук му се обраќа со плачни очи: - Изворите на нашите фантастични претстави за младоста избиваат токму во оној стадиум на животот кога годините ги разурнуваат развиените форми на апстракција и посредно расудување, Дедо, (во меѓувреме дедото мора да седне, зошто помалото внуче му ја отсечува едната нога до коленото), наивно е да веруваш дека твоите спомени ја чуваат младоста неизменета.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Англиските капиталисти настојуваат на сите можни начини да го развијат производството на памук во својата колонија, Египет – во 1904 година од 2,3 милиони хектари обработлива земја во Египет веќе беа под памук 0,6 милиони, т.е. повеќе од една четвртина; руските во својата колонија, Туркестан, заради тоа што по тој пат можат полесно да ги победат своите странски конкуренти, полесно можат да пристапат кон монополизација на изворите за суровини, кон создавање поекономичен и порентабилен текстилен труст со „комбинирано“ производство, со концентрирање на сите стадиуми на производството и преработката на памукот во едни раце.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)