старешина м.

старешина (м.)

Да си одиме, му вели гласно на Лазора Перуноски кој е старешина на сојовите кои живеат и работат на Имотот и негов доверлив човек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не видел како Јаков Иконописец му дошол на старешината зад грб да му ги стиска плешките со три остри запци на куса јасенова вила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Токму сиромасите му овозможуваа да си поседи кај посестримките, да им се понагледа и понасладува, правдајќи се, и пред себе и пред своите старешини, дека се задржал по царска работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие денови селскиот старешина беше зафатен, како што ни раскажуваше самиот, со идеите и волјата на еден голем добротвор, трговец од Маказар во Истанбул, по име Никола Поцо, да почне изградбата на нова црква, да ископа голем бунар насред селото за доброто на жителите кои лунѕале по вода наоколу по изворите, да го поправи за своја сметка расклиматениот мост на Маказарската река и некои други работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред црквата четата се построи, старешините на водовите ја проверија бројната состојба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го знаев тоа и секогаш им велев на моиве.... – побрза да се пофали старешината.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не му е важно да биде старешина на имотските сојови (а да не биде глава на сиот сој Перуноски не може, зашто е најстар и од браќата и од братучедите) но ако не го сменил од старешинството сигурно нема и да го руга, а тоа, да не го руга пред луѓево за она за кое сам тој не може да престане да не се руга, најважно му е од сѐ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бидејќи старешината Раде, како и готвачот, не му дозволија на Винко да го земе на логорување, Винко сите ноќи пред одење на логорување не ги преспа од жал за Џеки, од жал да го остави само дома, да пека и да го бара, зашто беа неразделни; никогаш не го оставил само.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Нека те носи ѓаволот. И отишол оставајќи го селскиот старешина, ако Доце Срменков бил тоа, да ѝ се заканува на дружината, потоа да стои пред прагот на Фиданкината куќа и да се врти околу себе во страв да не биде изненаден од друг натрапник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се договараат старешините, а ние слушаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Старешините молеа, преколнуваа, метанисуваа да не се пусти селото, да им остави срок од пет-шест, десет дена, да толчат глави, да продаваат, да се заборчуваат, да соберат нешто пари, нешто стока, да се откупат, но ништо не помогна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Тогаш јас, вашиот старешина, ви ветувам дека секој од вас барем еднаш ќе се избања во кадата на кралицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Браќа, ги почитував венчалниот прстен и свештеничкиот благослов, не дозволувајте да умрам, туку поарно јавете му на татко ми кој живее в планина како старешина на племето, па тој ќе ви прати илјада слугинки да ги жртвувате.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Господине поручнику”, вика на својот мајчин јазик кон старешината на групата во униформи на вермахтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Какви свадби ти влегле во умот”, му велеа старешините кога ќе ги замолеше да го пуштат, „ти си изветреан: се чека фронт да се отвори, а тебе умот ти е по свадби!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Старешината Раде ниша со главата луто.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Потоа префрлил преку глава неколку болести, пребрзо остарувал, станал селски старешина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе