стихозбирка (ж.)
Строго контролирани мисли и чувства , перверзно се нижат, се кријат во стихозбирка, се креираат, потоа пред публика повторно контролирана и пробарана се читаат, се сервираат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Сите песни во оваа стихозбирка, без оглед на нивниот нарав и должина, се подготвуваат за молк.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Олга Наумовска оваа книжевна работа си ја сработи, со сите тематски разнородности, со сите поетски регулативи, со сите верувања дека ќе се всели во очите и душата на читачот за кој и е наменета оваа мошне интересна поетска стихозбирка, неверојатно искрено, со јасни слики на вистината, онака како што кажува погледот, како што зборува срцето и како што реагира душата.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Николески е автор на стихозбирката „Македонче“, објавена 1946 година со која беа поставени темелите на современата македонска литература за најмладите.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Награда „Браќа Миладиновци“ на јубилејните 50-ти Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга објавена меѓу два поетски фестивала, за стихозбирката „Забранета книга“ (2011).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)