стишен (прид.)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Има само една стишна решетка низ која паѓа светлината на подот. Некоја сиромашна светлина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Арсо и овој пат е сигурен дека стариот ќе се дотетерави дома во никое време и стишен, темен ќе падне в постела.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
6.1 Крилест коњ долета во сонот Со грива од пролетните откоси во полето Со стишени громови во копитата Со здив на длабока гора во ноздрите.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Стишен и растреперен од гнев и слабост, со уште непритивнато негодување, но привидно скротен, се качува горе и дувалото започнува да работи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Исполнет сум. Претечувам Од ѕвезди, од песни Со кои ги залечувам Невидливите арабески Изрежани по суштината Моја, по внатрешнината, Од која се лачат и зрачат Моите певни стихови, Моите копја и штитови Со кои се бранам и напаѓам Крај кон се раѓам и умирам (Пак и пак и пак) Се чини, така ми е судено Да сум стишен и извишен знак. Зрак.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Татко го слушаше длабоко во ноќта, со стишен глас, кога сите спиеја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во црквичето штама... саде откај левата - женска страна се прогласува стишено липање... жените ја тажат тагата на Мајка Богородица, ама и својата тага по умрените.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ете, и Илинден наближува - длабоко се издиша баба Петра и фати тивко, стишено да пее песна, небаре тажалка по сите во војна заминати.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Влатко гледаше и слушаше со стишен тон, зошто тато Петре имаше распослано материјали и ги разгледуваше мошне внимателно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Пелагија престана да ја негува Пелагија, не ѝ го негуваше лицето, не ѝ ја чешлаше косата, не ја капеше еднаш неделно во дрвеното корито среде одаја, туку еднаш месечно, фустаните ѝ ги врза во бовча а бовчата ја напика под одарот, убавото, мургаво тело ѝ го пикна во стари војнички пантолони, цврстите гради ѝ ги стегна со стишно плетена блуза, косата ѝ ја напика во црн каскет и од мома ја претвори во бербатен маж.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Гласовите недосекнати, одвај стишени, ги наткрилија други: Изникнало цвеќе во момини дворови Ран бел босилек, црвен каранфил...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мајка му на Арсо стишена и кротка, ги проникнува во себе звуците.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Следното утро што ја разбуди со своите студени конци, не влезе во неа со сивилото низ стишната шара на пердето, туку прво во нејзината глава како куршум се забуца мислата Господи, што ти згрешивме јас и мојата сестра?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)