столчи св.
столче ср.

столчи (св.)

Дури и не сетила дека од столчето се свлекло волненото перниче за кое своерачно јас ја плетев навлаката. Е, не можев да се воздржам“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се симнува да си купи тага од улицата За да ја успокои својата утроба И расплаканата кукла на столчето.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Мајсторот се налактува со двете раце на шаховското столче и погледот почнува да му шари над фигурите како аероплан во низок лет над зградите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Домаќинот ги остави голашите прекршени на две во огништето и кога седна на столчето крај софрето, таа молкна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И тогаш топовите и минофрлачите го дотолчуваат тоа што не успеаја да го столчат авионите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако тие ја знаеја и за секој случај ја имаа на ум поговорката Што ти носи часот не ти носи годината, но повеќето веруваа дека таа поговорка се однесува на тоа дека не знаеш кога ќе ти пцовиса волот или кога ќе падне град да го столчи и тоа малку што се родило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги толчеа најубавите куќи, а ја столчија пред мои очи и пред очите на таткото на Алегра и нашата синагога, онаа со двете кули во матроски риги и личните кубиња на нивниот врв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Грета станува од столчето и половината од јазикот на Среќко ја исплукува во чинијата на соседната маса каде што седи една отмена дама со нејзините две деца.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да ја столчи, да види таа еднаш кој ја држи уздата?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сега бев двојно столчена, еднаш од предавството на Борко во животот кон мене, зашто никогаш не беше ми кажал за таа своја тајна, а сега и од неможноста да го објаснам апсењето на Симона, под обвинение, јасно, за ширење на лажни вести и непријателска пропаганда против државата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дури се водеше овој разговор, Илко седна под оган на столчето, а Стојо предложи каде утре да се ора, колку семе да се земе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седнав на едно мало столче и некако се возбудив: двајца уметници, еден од една страна, а другиот од друга страна ме набљудуваа нападно, нешто цртаа без да ми најават што ќе прават.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Господ ми заповеда да направам денес столче за малечкиов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со притаен здив чека да види дали ќе се отвори портата и кој ќе излезе од неа, а кога таа се отвора и на Градишки Пат излегуваат Васил Митрески, Недан Бозоски, Цветан Ендоски, Стеван Ѕвездакоски и заедно со нив и Максим (тој во едната рака носи долга тутурка од книга а во другата дрвено троножно столче, исто такво какво што донесе Јосиф) и кога и тие се завкачуваат пругоре по Зедница, зазорот се претвори во треска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во познатиот тунел на улицата најде пред нејзината куќа дете на сламено столче и со дрвена сабја на коленици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Митко го зема ниското столче и се наместува зад печката, до ѕидот. Тука е топло и пријатно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Излегува учителот, ја крева раката и сака со едно удирање сите да нѐ столчи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Повеќе