страотен прид.

страотен (прид.)

Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, за да се скроти неговата страотна дивост морало да постои поголема сила и од него што ќе го натера во јарем и ќе се движи по новата бразда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не дека се тоа некои големи водје, во тие реките, туку зрачат со некоја страотност што заплашува со уништување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во грлото ми се вгнезди загушлива тиња со страотна реа. Почнав да го губам здивот, да се задушувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Водата тече со една страотна сила.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потоа почувствував страотна болка во тилот, во пределот кај што ми беше малиот мозок, и се изгубив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По извесно време, почувствував дека се вратив во своето тело, но со празнина во делот кај што ми беше срцето, и со страотна болка во таа празнина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Извадете ги темнината и бесот од срцето, зашто ве прават страотен, та и децата од вас ќе стравуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа пролет се обидуваше да нѐ развесели како и сите други, но многу нешта пречеа… Пречеа сите страотни настани од летото што помина…
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш сетив страотна болка. Некој како да откина дел од мене, од моето тело и душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пукна целиот побелувајќи и се чу страотен тресок. Косата ми се наежи. Вреснав.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа го имаше дури и оној иако е вака голем и страотен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Страотна ноќ... ... Некаде по полноќ, од спиењето ги разбудиле пукотници од пушки.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Полноќ е, никоја доба сал еден лилјак, слепо пиле наслепо слетува во спалната и буди страв, страшен, страотен...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Страшно е ова шо се случува Грција, а и воопшто во светов во моментов, ко шо знајме, се случуваат страотни работи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во тие дни и ноќи, песовите со кренати муцки виеја и завиваа страотно, или `ржеа и копаа со шепите по земјата како по дира на едра лисица, како по реата на стара волчица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Очекуваа некој кој има најмалку 50 години - веројатно поради страотната анахроност на делата кои беа изведени во манирот на раниот и среден барок.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Земете ги на пример емигрантските држави (континенти) како Америка или Австралија, Јузна Африка итн., и покрај сите обиди на владеачките олигархии и нивниот политичко- социјален инженеринг (масонерија), вие сѐ уште имате страотни општествени дисбаланси - расизам, гетоизација, национални лобија...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Времето со неверојатна брзина поминува страотно бавно.“ Си оди. Се враќа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќе