стратег (м.)

Набргу сите разбраа дека Чанга ги надмудрил републичките и федералните стратези кои го подготвуваа судскиот процес на деценијата во јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не случајно на нишан на стратезите на комунистичките идеи беше апокалипсата, визијата од светите книги за крајот на човештвото, историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таму надлежните не реагираа, не сакале да го будат Водачот за оваа локална мешаница, впрочем тој и не се занимаваше со козјиот проблем, којшто повеќе спаѓаше во доменот на главниот идеолог на партијата и стратег на системот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа балканските стратези за преобразба на милионите козари во работничка класа требаше да причекаат други, поспокојни времиња или да се откажат од големите ликвидации на козите, а дотогаш козарите и козите да бидат под будното око на комунистичката партија на народната власт!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На партиските стратези на развојот во градот им стануваше сѐ појасно дека козарите неповратно се оддалечуваат од глобалната директива наложена од федералниот центар – по секоја цена во првата петолетка на развојот да станат дел на работничката класа. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Реши, по многу разговори со татко ми и со другите угледни козари во градот, да оди во Федерацијата, кај централните власти на земјата, да разговара, ако треба со главниот стратег за козјото прашање, сонуваше и дури да го посети Водачот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сево ова беше една голема фарса, невозможна игра, која никогаш не би се случила како што предвидуваа школските воени стратези.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тогашните стратези на комунизмот, под плаштот на сталинизмот, го мислеа истото, но јавно не го изразуваа: „Козите можат да ја поттикнат контрареволуцијата на победената класа”!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се поведуваш по Јована, а тој не е некој стратег.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прекинот со Сталина сигурно ги смекна нашите стратези на козјото прашање и на социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се плашеа стратезите на револуцијата од непредвидливиот бес на оние со кои победија во војната, ја изведоа револуцијата, ги обединија луѓето и завладеаја во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чудесен политички стратег или вечен двоумник?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поп-артот јуришаше напред, а Ворхол го зазема местото на главен стратег.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во таа новонастаната ситуација, политичките стратези во Британската разузнавачка служба сфатиле дека тоа е погоден момент да испратат свои мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Стратезите на албанскиот комунизам, посебно на скадарската трагично-гротескна варијанта, упорно веруваа во успехот дека е можно последното преобраќање на напатената троверна душа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко, на крајот, секогаш се покажуваше како добар стратег каде да одиме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Крај неа, со денови, останувале замислени императорските стратези, хроничарите, поетите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стратезите на комунистичкото општество имаа точни бројки за козарите, сега новопечени припадници на работничката класа, со кои требаше да се градат големите фабрики, патишта, мостови, брани, хидроцентрали.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никој не рече ништо лошо за него како командант и стратег.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе