стрелање ср.

стрелање (ср.)

Сме се скукалиле, што се вели, и чекаме да нѐ изведат на стрелање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Покрај другото, се покажа дека во тоа време раководството на Партијата испратило наредба да се престане со секакво стрелање и случаите во врска со квинслинзите и класните непријатели да потпаднат во надлежност на судот што ќе биде оформен во слободната држава.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ги осудиле по кратка постапка и ги извеле на стрелање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу подоцна откога јас бев кај манастирот, беше барано од некои луѓе јавно да се осудат стрелањата без суд, како што било ова овде долу, и да се кажат луѓето што ги извршиле, но не се постигна политичка согласност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А јас по телефон им реков: другари, за стрелање секогаш има време, мислејќи дека случајот ќе се заборави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Реков стрелањето е занает, а занаетот се учи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тоа, значи, стрелањето или убивањето е занает. Занает е да знаеш да ја употребиш пушката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Соопштуваше возбудено и панично, па и колку и да си спокоен и студен како мраз, сепак гласот негов те каса морничаво во душата, па помислуваш дека нешто најстрашно се случува: бесење, колење, стрелање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Додека другите ученици нашироко дискутираа за посетата на Ќеле Кула, за тоа колку било морбидно да се гради кула со човечки глави, за свирепото стрелање во Крагуевац, Рада и понатаму беше во својот филм како главен режисер и сценарист на нештата што ѝ се случија, на почетокот од патувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пресуда на самото место: смрт со стрелање!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Сѐ зависи од тебе“, беше рекол О'Брајан; но тој знаеше дека не постои никаков свесен чин со кој би го доближил стрелањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, во Долнец, стрелањето било извршено. Таму сега водата го подјаде тлото и го извади случајот на јаве.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше многу деца а имаше и еден син колку мене кој се викаше Камбо и кој подоцна замина со мене во партизани и ме спаси од стрелање.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се зборува за национален отпад и се бараат расни прочистувања и стрелање на противникот како идеолошка хигиена.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тогаш кога Симон ми зборуваше за стрелањето што го извршил Борко и дека тој го потопил Долнец, не заради некаква полза за земјоделието и за напредок на земјата, туку за да се спаси ако може себе си од тешкиот товар на злосторот, да го скрие и да оневозможи тој злостор да излезе на видело, во тие моменти на повреденост и изгубеност кога се вртев наоколу и по својата глава барав со кого би можела да зборувам, до телефонот го забележав името и бројот на Владе историчарот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Присуствував на стрелање на еден Козак само затоа зашто го сокрил коњот, иако кутриот тврдеше дека пред неколку денови му пцоисал, близу Краснодар.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие години, кога беа пронајдени коските во Долнец, весниците веќе имаа почнато, многу одоколу и срамежливо, да објавуваат по некој збор на поединци, пред сѐ на роднини, за масовно погубување на луѓе, за масовни стрелања без суд.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пред киното постојано, покрај тапкарошите, стоеле наредени како вод за стрелање, семкари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе