стркалува (несв.)
А сите што барем малку се одбираат во зелки знаат дека зелките немаат нозе а и чуму им се нозе на зелките кога умот е во главата а не во нозете, а од главата се стркалуваат и се истураат во јавето и сите тукушто зачнати и тукушто отсонувани соништа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ја пикна во устата и јадеше цел грст, а во неговите очи не стоеше сега ништо друго освен таа лакомост, додека грутките земја се стркалуваа низ гробот и удираа, одекнувајќи тупо во чамовите штици на сандакот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Павле и Иван притрчуваат горе, го стркалуваат на земјата и јадра, извалкана од земја дланка му паѓа на усните.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нив тој ниеднаш не успеваше да ги најде и да ги погледне отворено; кога ќе ги побараше, застанат за да здивне, тие просто како да се стркалуваа, притискајќи се зад стеблата, за да наизлезат оттаму уште веднаш, штом ќе заминеше во новиот залет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Капка пот се стркалува во гаќичките, застанува каде што некогаш постоела опашка.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Капка пот се стркалува во гаќичките и застанува каде што некогаш постоела опашка.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Дончо не ја ни погледнува, дури не го насетува ни прстот насочен на кај него, спокојно срка од гравот, пика големи залаци леб во устата и низ мласкањето стркалува по некој збор Каква гулема вода, сиво платно шо го м’кне некој невидлив чичко!плитката вода му дошла до колената, ама се сетил на предупредувањето од Митра и се повратил, што се однесува до змии и такви нешта вели Ми стапот во моите раце?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)