студенина ж.

студенина (ж.)

Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Само нозете ја досегнуваат рапавата студенина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сѐ се доодува и снегот и сивата измаглица на денот и студенината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сопственикот на немирните раце лежи ничкум, неговата небричена брада втонува во ископаната земја и усните ја допираат нејзината студенина и мирис на нешто гнило му се вовлекува во дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ветрина навевува сува студенина и сѐ повеќе стега мразот во студенливите повеви на северњакот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го извлекува со својата отсутност. Со својата студенина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Слизнаа дебелите фар мерки, застанав боса на плочките, вшмукувајќи ја студенината.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Молневита студенина му преминува во телото. Побледнува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А над тој длабок слој стоеше уште една педа висок пепелав и воздушен снег, што се искреше пред очите со сини искри и беше студен како ѓаволот при секој допир до голо месо, просто изгоруваше со својата осојчинава студенина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)