сувенир м.

сувенир (м.)

Почнува да снемува штандови за сувенири, наскоро нема ни такви за информации.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ана ми го подаде доминото, и јас го спуштив во кутијата покрај мене, во која на голем куп беа ставени книги, сувенири, дребулии кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури и повеќе од тоа, честопати врз сувенирот се бележи имено времето на стекнувањето на истиот (што ретко кога е случај со предмети, кои ја немаат таа намена).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во ноќта на музеите во Венеција веќе одамна никој не се запишува во правливите книги на впечатоци, како што во ноќта на вештерките никој не евоцира спомени за средбите лично со Данте на најдлабокото дно од пеколот неподносливи турканици, сека ноќ си ги обесуваат гласните жици на ченгели шиткачите на сувенири од муранско стакло, обетки, белегзии, приврзоци, порцулански чаши со слики на Свети Марко или на гондолиери кои ионака во последно време повеќе се сликаат отшто нема доволно јапонци за прошетки низ Канал Гранде, сентиментале.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мештаните продаваа на пазарот дрвени сувенири – делфини со младич на грбот, а истиот мотив, насликан на школки, сервис за јадење, на пепелниците и на постелнината нѐ напаѓаше од сите страни на новиот, луксузен хотел „Делфин“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
В година тие ќе ја посетат Тоскана и на Галилеј ќе му однесат сувенири од Галилеја – неколку параболи од светиот апостол Марко, вакцина против лепра и се разбира еден малечок стаклен глобус.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако се елиминира секоја друга функција на сувенирот (естетска, идеолошка, психолошка и.т.н.), сувенирот претставува најчисто отелотворување на времето и местото воедно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од овде зедов некои сувенири и така, во мешаницата со купувачите и продавачите, ми мина времето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стана пеколно, и на колекционерите не им беше веќе до купување затворенички сувенири и реликвии. Ја напуштив Финска.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оваа „временска“ знаковна функција на сувенирот се проширува врз секој предмет - објект, кој (за мене) означува еден момент - макар тоа да е посвета на некоја книга, то-ест нешто што не мора да има материјална вредност и израз (како следниот натпис: 21 февруари, на пример).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Изненадени пред влезот на Стоби: Порта Хераклеа Западни гробишта подземните животни вознемирени птиците бегаат злокобна фуга Градскиот саат објавува идна реставрација конзервација културно богатство сувенири Прашање: Зошто статуите се тажни и ранети а улиците и базиликите празни и пусти како мене?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И по тротоарите не може мирно да се шета, зашто секој момент некој ќе ве турне со лактот, некој ќе ве понуди да влезете в кафеана, или пак ви става под носот некаков сувенир, сѐ во стилот на „Пигал“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како да се објасни некому дека блесавата фраза „нема проблем“ - којашто со себе како јазичен сувенир од Југославија ја понел секој турист - престорила во црна фарса цела една земја.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, во овие велесаемски дни Лајпциг не го привлекуваше вниманието само со саемските хали и простории, со машините и техниката, со изложбите на книги и да детски играчки, со трговијата и размената, со банкетите и честењата, со деловните контакти и сувенирите, со купувачите во модерните стоковни куќи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со нив тие се преполни а за купување на сувенири се отворени и најобичните панаѓурски тезги кои, во некои павилјони, заземаат голем дел од изложбениот простор, како, на пример, кај Унгарците, Русите, Тунижаните, Мароканците и кај други.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А можеби во случајов стануваше збор и за една од симпатичните собирачки на сувенири за културните рубрики.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најнакрај ќе завршиш на некоја тезга за сувенири, за спомен и долго сеќавање и ќе ги убедуваш шкртите минувачи дека не си уличарка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во полна складност со ваквите спектакли се и сувенирите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Целта на сувенирот е да предизвика идентично расположение (сеќавање, емоција...) како и “првиот пат” и затоа неговата вредност е материјално немерлива. = времето на предметот = “...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Речиси на секој чекор се среќаваат црнци, веројатно студенти кои продаваат сувенири од своите земји, изработени од дрво и железо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе