суво (ср.)
Некое време сетил оти е на суво и станал просто та се избавил.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ми даваат и чај од богородична трева што на суво се собира ко тупаница, а во вода се отвора ко прстите од раката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многу време стојал Силјан на суво фатен на штицата и сѐ му се чинело оти се носи на море.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
На терасата таа лакомо грабеше воздух како риба на суво потпирајќи се со раката на неговото раме.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И пред да се нурне во реката, уште еднаш си рече: - Штом Рибата умре на суво, јасно е дека во водата подобро и подолго се живее.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И де ќе се појави во навалицата, де ќе ја снема во витлите, во дувалата и пак да ја исфрла на суво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ја довлече на суво. Со раце копа во песокот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Меѓу сувото и суровото е застанато сега, вели, и гори, гори, така било од секогаш, така е и сега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Цапаше ли пак во ѓолот што мислеше дека го прецапал и излегол на суво?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Го извлеков чунот колку што се можеше повеќе кон сувото и ги наредив работите на Лена, нешто на клунот напред, нешто под мене. Немаше многу пљачка.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Знае дека сите што тргнаа по неа веќе се на суво, некои тука некои долу, овој оган сакале тие или не ќе го делат со мокрите дечиња или со нивните мокри робички, и Фала му на Господ за оваа ноќ!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Младинците сметале дека тој амблем - гемија на суво - најмногу одговара на нивната определба и разбирање: лица кои што мислат дека патот што го следеле сите обични луѓе стремејќи се кон егзистенција, бил несигурен, зашто на крајот, при постојните општествено-економски услови во Македонија, тој пат водел кон неуспех.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
НАЦА: Како ѓемии да му пропаднале. СПИРО: Како ѓемии по суво да влече, така оди.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Колку било лесно, си помисли наеднаш ибн Бајко, о колку било лесно да ја прецапаш водата што те делела од сувото.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На суво се смируваше, но и тука колку што можеше пркосеше, стоеше цврсто.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Манастирот со населбите има добри врски по суво и по вода со Подградец, кој е оддалечен само шест километри, додека за Охрид кој е оддалечен триесетина километри, има само коњска патека низ планината што ја видовме кога доаѓавме како изгледа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)