суши (несв.)

Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Треската го влечеше во непознат мрак и му го сушеше грлото на чие дно лежеше неговата смеа искината на парчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шишката ќе ја потсечеме, а од неа тече сок и кога ќе се згусти го сушиме и прајме лепешка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Навапца петшест оки предено во разни бои и го обеси во дворот да се суши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И само ти се суши устата и те тера да пиеш вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога престана ветрот и се одврзаа коњите Таа уште не се исправаше, лежеше како болно дете На кое му се суши срцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И после алиштата си ги сушиш на телото свое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рута што те изнајде во сонот и те одведе во одаите со вино и те покри со знаме љубовно и те скри меѓу две воздишки на детето во сонот, те скри во гревот што го суши срцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ме погледна под очи, ме одмери со недоверба од која грлото ми се сушеше и подаде рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ми се суши устата и само ми горчи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Облачето ја избриша темницата. Невидлива рака го обеси облачето на невидлив конец да се суши.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Снагата што пукаше од здравје и енергија почна да му омлитавува, да ослабува, да се суши и да се смалува, така што износените костуми му се мавтаа како околу сарак за бостанско плашило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка ми обожава да бере чаеви и разни други миризливи тревки и да ги суши во нејзината соба, па таму и лете и зиме опојно мириса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Постепено се суши глината и по некои сивкасти скалила нејзината душа се искачува нагоре.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Така си мислам за смртта, ама си мислам и за домашните. Може затоа и ми се суши устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го разгоре огнот и седна да се грее и да се суши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека се сушат испраните мозоци спрострени под светло на мониторите, колпортерите разнесуваат утрешни детергенти за денешните флеки.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Тогаш и вистински ќе почувствував како усните, ми се сушат; како ми венат од нестрпливост и од долго чекање. Но тоа не е битно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе