сценарист (м.)

Додека другите ученици нашироко дискутираа за посетата на Ќеле Кула, за тоа колку било морбидно да се гради кула со човечки глави, за свирепото стрелање во Крагуевац, Рада и понатаму беше во својот филм како главен режисер и сценарист на нештата што ѝ се случија, на почетокот од патувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сцената си постои, артистите си постојат, јас не сум ни сценарист, ни режисер, а сепак, чувствувам некоја одговорност, божем јас сум тој кому ќе му замерат за поредокот на сета вселена, за хаосот и за редот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И така, светот си поминува покрај мене и моите униформирани собраќа во гаражата, главно млади гитаристи, сценаристи, актери, артисти... и пар мексикански емигранти.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Славој Жижек ТРИЕСЕТ И И ДЕВЕТТЕ СКАЛИЛА Бидејќи „39 скалила” бил снимен според познатиот роман на John Buchan, сценаристи­те под раководство на Хичкок неговата содржина толку успешно ја преправиле, што ликовите и доживувањата од Хичкоковата верзија станале такви, што во современата „популарна култура” го добиле така да се рече „архетипскиот”, митски статус и со тоа станале извор за непрегледното мноштво на варијации и плагијати; меѓутоа, самиот роман, ако денес го разгледуваме, делува наивно и застарено - нешто како груб материјал на кој што дури Хичкок му го дал дефинитивниот облик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ворхол во тоа име го ангажира и сценаристот Роналд Тавел, па дури во еден момент ги откупува и правата за романот „Пеколниот портокал“ на Ентони Барџис според кој е снимен Vinyl (оваа верзија ѝ претходеше на Кјубриковата).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сценаристите црпеа инспирација од следнава ситуација: Пази Славко куршум!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Еве еден сериозен проблем во Америка: како да се најде сценарист, одговорен писател, способен да го организира и сочува она суштинското во приказната?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)