сцена (ж.)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И така, Татко не можеше да најде пореална и поголема историска сцена од Скопје, за да го следи подемот и падот на империите за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но конкуренцијата со Бугарија од страна на Србија по македонското прашање од политичка и национална страна ги извика на политичката сцена и самите Македонци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Малку се гушам од телевизиските сцени во кои претседателот на државата на вдовиците и мајките на загинатите војници свечено им врачува ордени.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Роман што може да се напише дури откако низ рацете ќе поминат многу книги, низ душата многу премрежија, а низ срцето на детето многу сцени кои од него прават дете што се сеќава.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од соседната мала просторија се слуша детски плач кој трае во текот на целата сцена.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
На сцената се прикажуваше училиштен совет кој имаше да решава важни селски прашања.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Целата новост што ја донесе сегашниот режим е еден спој на револуционерно и реакционерно чиешто насилно спроведување го врати средновековниот „теократски” човек на сцената на нашето нејако општество.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа ќе создаде гротескни ситуации, кога неговите потенцијални наследници ќе учествуваат во невидени сцени на еден театар на апсурдот во играта со немоќниот владетел!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Аплаузот е наједноставното и најмногу користеното средство преку кое публиката се идентификува со творците од сцената.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Од очите во публиката добил таква енергија, таква мотивација, по што не му останало ништо друго освен да се разлета по сцената.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Кога во студентски дом или некое станче ќе нагрнат гости од секаде а е крај на месецот и од дома немаат абер да испратат пликче со пари тогаш на сцената стапува степчето.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Оваа ловџиска сцена покажува еден високо кодиран однос меѓу ловецот, ловениот и нивната околина.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тишината ги менува сцените
ако потрае долго.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Бидејќи она што го гледаме на сцената сигурно не е чист егзибиционизам или перверзија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ќе испоцркаме на сцената на која и пингвини од ладно би паднале во несвест.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Додека светлото постепено се смалува, позади сцена се слуша глас: - Повикани сте да го проследите овој исечок од животот и за него да даде свое мислење.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
„Ние мажите првин одиме на лов
потем по пештерите
- скришниот предизвик на светлоста -
цртаме одбрани ловечки сцени
со стрели и елени
со копја и бизони.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)