сјати св.

сјати (св.)

Сите се сјатија да видат, да советуваат, да помогнат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Целото село се сјати да оди да види што чудо се случило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Внатре, со љубов го закитуваме специјалниот мамец и јато светли желби се сјатува околу него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Е, бидејќи капитализам без богати не бидува, и кога тоа го намирисаа лакомите и арамиите, се сјатија и ја соголија земјата, па, чиниш, сиромаштијата брезничка како лишај се рашири по целата земја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А какви ли црнила оставиле зад себе волците што синоќа се сјатија на колибата?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пријатно се чувствуваше во градската атмосфера што повеќе ја надградуваше во своите мисли одошто таа беше вистински градска откако во градот се сјати огромна маса селани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)