тајфа ж.

тајфа (ж.)

Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Согласи се да ја водам тајфата и благослови ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да беа правени од иста тајфа мајстори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Велгоштанецот мошне арно знаеше колку многу ги сакаат неговите приказни луѓето од тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во таа тајфа беа седум, а цело село чу само шест пукоти.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден по еден ги редеше сите од тајфата Аргир во паметта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Обично се забираше со некоја тајфа ѕидари, ако беше тоа пролети, или пак со некоја група дуќанџии, есени, и пак заминуваше по светот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сполај му на господ, белки му дојде умот да се прибере да си а гледа тајфата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Глупости, каква слика. Тоа не доаѓа предвид!“, вреска госпоѓата на глас и, барајќи низ списокот, одеднаш целата вознемирена и покажува дека, ете, кај оној чичко ѝ од Власина може да се оди со слика затоа што тој дошол со тенџере за ајвар и тајфа од десет луѓе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа време, кога одеа да го собираат владичниот, грчките битолски владици, од страв од ајдути, а и за да го натераат народот да го плати данокот, одеа опкружени со големи тајфи составени од заптии и ѓакони, а Партениј, за оваа пригода, беше се зајакнал уште и со некои свои послушници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Една вечер, дури луѓето од тајфата си легнуваа да спијат, Веле потајно се искраде од колибите и отиде, сам во ноќта, на градилиштето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И едно лето, ми се чини беше крајот на јули 1862, реков да се најде тајфа и да се почне копањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И сите знаеле дека Онисифор Проказник не го сака во тајфата, не зашто бил во работните дни песнопоец, никако заради тоа, туку зашто патем можел да стане товар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека повеќето од тајфата одеа пешки, вооружени со пушки, со стапови, со крстови а стапови и со торби, за да имаат во што да грабаат од народот, сам тој, Партениј, јаваше на бел коњ, сиот позлатен и накитен со мониста и со пувки од коприна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А сепак, сите имаа разбирање за него и мислеа дека со нив ќе успее, секоја група, секоја тајфа, што го поведуваше да појде со нив, да се обиде уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А што се случило ноќта: качакот Зенула се обидел да влезе во куќата со својата тајфа и да пљачкосува. Во пукањето Маруш го погодил некого.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе