твој м.
твој прид.

твој (м.)

Се распрашува ли оној, твојон сѐ уште за мене?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас ќе ти помогнам, ќе одам кај сакаш со тебе и со твоите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дури и во весник напишаа твоите дека било така, лично прочитав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Твоите нека се мртви, вели жената, и само забегува кон некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веда не се колеба да заземе држење на презирна надменица кога ѝ се обраќа на мајка си: „Никогаш не си зборувала за твоите, од кај си“, вели, реторички изземајќи се од своето родословие по мајка, небаре „нејзините на Милдред“ не се, всушност, и нејзини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не ти припаѓам ни тебе, ни на твоите организации, ни на твојот бог, ни на твојот закон, ни на твојата власт, ни на твојата традиција.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Како пред очи ќе им излезам на твоите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- А твоите се на кат? - На кат, иако нема лифт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој старец, Борис Качар, ја советуваше Јага Перуника: „Напиши му ти на претседателот на земјава да дојде и да го зграпчи за уши оној твојон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Подзапира и прашува. - Што е, браче Јоне, што станало? - Ништо, велам, прашај го твојон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да, да, - се засмеја Бузо. - Кажи им на твоите. Развесели ги побргу!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Зошто си ми сам? Каде се твоите, каде е Бреза?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)