тврдоглав (прид.)

Беше една мечка, што можеше да прими во своето огромно тело уште неколку негови зрна и да ја впие во себе сета нивна придушена бол, но беше и една погодена мечка, што можеше да чекори и да продолжи кон него со една не толку тврдоглава решеност, со сета крвава трага, што веќе ја оставаше по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога ќе се налутеа на нас и ќе нѐ наречеа тврдоглави Бугари, ние пак ќе речевме: Е па така си е: вистина, христијани сме, ама не сме образовани како Грците!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со тој ум, со таа тврдоглава глава, денеска ја раскрвави раката, утре ќе си ја скршиш и главата...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но тоа име го искажуваше презирот на Грците, а не и достоинства на Бугарите, затоа се придружуваше со зборот тврдоглави или „хондрокефалос”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Бегај, малечок предавнику“, се влечеше по мене и по мојата запрложена сенка, ме сопнуваше и ме предизвикуваше да се уверувам дека навистина тој тврдоглав и див човек заслужува да станам мал предавник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ленин тврдеше дека фактите се тврдоглави, но идеите често се уште потврдоглави.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа го предизвика стариот Дамчета, тврдоглав, бистар и грамаден селанец, да отиде кај нив и да ги укори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Балканската стварност е тврдоглава, - ми вели другиот и го крена чеканот врз мојата глава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некој мршаво ги уверувал дека сето тоа е претсказание, дека не му се мили на господа. Другите останале тврдоглави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој очекуваше расправии, кавги, може и до инцидент да дојдеше, според она што беше слушал за тврдоглавиот и суров самозван војвода Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За секој друг оној единствен избеган самјак и тврдоглавата мечка, пред која сѐ што ти останува е да отстапиш, не би морало да значи нешто толку големо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По Божик тврдоглавите од Кукулино почнале со здружена работа, кришум, без бучава, далеку од очите на власта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фрли, дури кога успеа да дочека да го види тој огромен ѕвер, со онаа ужасна тврдоглава тупост во секое свое движење, со една таква тупа решеност, во тоа како беше насочена кон него, пред која како да не постоеше никаква можност за скршнување, за отстапување, со една тупост, со која таа би продолжила да иде право кон него и кога би била мртва, на тоа место, на педесетина чекори од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тврдоглав е. Нејќе ништо да рече: чија е тетраткава, кои се учениците што се запишале под разни имиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И многу убаво си помина. ... а како таков сум тврдоглав и тоа ништо да не те чуди, бидејќи сите ние Прокопиеви сме изникнали од таков род.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
1 Иако Кукулино имало седумдесет и шест куќи, речиси сите полегнати до самото подножје на планинската црногорица, само четириесет и тројца домаќини, оние што биле тешкораки и тврдоглави, урнале дел северни карпи, ги раздробиле и подигнале свои воденици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѓаволче црвено во јама црна, тврдоглав мекотелец и делфин во чаша дождовница.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Повеќе