терезија (ж.)
Сѐ ми пушта со очите: му играат како жива во водена терезија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нашата задача и мака е, ако прекантари тоа рамновесие кај човекот - да го вратиме повторно во првобитната душевна и разумна терезија... Душата е една од тајните над тајните...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тоа е терезија на која се воспоставува
лична рамнотежа спрема судбината.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во Помпеа има една фреска останата од времето кога вулканот Везув го уништи градот, на која е претставен еден цар кој во раката држи теразија: та на едниот саан од теразијата ставено е скапоцено богатство: златници, накити и друго, а на другиот тас, знаеш што?
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Чаршијата и така е терезија на слабостите човечки, на мајтапи и подбивки, ама и дувло на божемни силници кои дома тенко предат како мачори.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогај свјатии ангели, што ме водеха, туриха от моите добри работи на терезиа, и што не достигна, туриха от това што ми хариза свјатиј Василиа мој духовник.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Љубовта е триумф и не можеме да ја ставиме на терезија и да ја мериме и немам срце да те лажам, зошто знам дека ми веруваш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И уште еднаш Судбината ќе ги намести своите терезии за пресврти и изненадувања, пристигања и заминувања.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Да бидеш господар на една земја и народ е исто што и да седиш на терезија со два таса. Едниот тас е џенетот, а другиот џенемот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ти си риба, јас скорпија, а некој е овен или терезија, некаде и куќа, гуштер, и така натаму.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Животов е терезија, така се велеше во еден ферман пратен од султанот до дедо ми Исхак-бег. Терезија, ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)