тесно (прил.)

Во автобусот е тесно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние видовме колку се народните интереси тесно врзани со јазикот, а последниов со карактерот и духот народен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понекогаш тоа е сложувалка на расфрланите мисли и желби кои се тесно врзани за нашето его.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Внатре е тесно и за извалканата светлина што останала од некое ланско стемнување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не е ли јасно како бел ден оти брканицата е тесно врзана со Бугарија, со бугарското име и со бугарските пари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога на големиот ум ќе му стане тесно во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Завладеа дивиот терор... Жандармерија и подвижни воени одреди тесно соработуваат дури и со бандите на поранешните соработници на окупаторот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долгот кон народот е тесно врзан со долгот кон татковината, зашто поимот народ е тесно врзан со поимот татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Руската душа била широка и кај што е најтесно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нејзе во секоја нација би ѝ било тесно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Проблемот на евалуација во преведувањето, тесно поврзан со веќе споменатите проблеми на нискиот статус на преведувањето, им овозможува на критичарите да дадат своја изјава за преведените текстови од позиција на лажна супериорност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Турција, како што се гледа, како да се најде на тесно, па ѝ предложи на Бугарија да се дојде меѓу нив до едно согласување за македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само цвилам и вртам натесно со главата, го касам до кај што можам да досегнам. Борба за живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На танкиот врат штркнуваше грленото јаболко: да му беше тесно под гнилата јака на старата кошула.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И заедно чиниме погледај, погледај нагоре во пилиштата, во небото, па наведни ги очите и загледај се меѓу себе. Како ѕвериња на тесно сретнати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ништо слично нема. Организацијата е тесно врзана со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Празна е постелата, празно е сѐ пред мене, а пак ми е тесно. Никаде не ме собира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум толку во тесно што чинам како божем да се сведувам на зрно кое секој час ќе се соземе самото во себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Сакаш со некој да се видиш, ќе ми вели, веќе тесно ти е дома, секаде ти е тесно, ќе ми вели, никаде не те собира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На ситниот дедо ѓумето му станува тесно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе