тешко (прил.)

Тешко би можело да се најде друг пример во светот кога народот на едната вера бара да му се подигне храм на верата од другиот народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тешко му беше, нозете одвај го носеа. Пред очите му се плетеа мрежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не им беше тешко да се препознаат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Тешко е, не велам, - продолжуваше тетка Рајна, со две деца ретко некоја ќе се нафати да ги гледа, но, ќе се распрашаме однапред, сѐ ќе ѝ се каже, па може и да се најде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Градот влезе во лоша позиција се донесе законот за прохибиција алкохол тешко се наоѓаше на црно но ганџа пушеа и децата во прво
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тешко е да го задржам погледот и да разберам дека колку и да се трудев да бидам среќна да уживам во моментите на задоволство имав чувство на непријатност, неприродност и грижа од вината дека тоа не го заслужувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Му се восхитуваше на тоа мало човештво составено од толку различни луѓе, кои живеат со векови заедно, без многу да се мразат, успевајќи да ги совладаат разликите, кои во другите предели на некогашното царство толку тешко се хармонизирале.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ми тешко привикнуваше на овие револуционерни времиња кога генерации, генерации мораа да живеат откорнатички, одново да започнуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Можеби се обидуваше да го замисли тој град, со тие миризби и смрдеи, но тешко можеше тоа, зашто никогаш и не беше пошол во вистински град, во таков град каков што го кажуваше Кирил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зимите студени и со многу снег и виулици кои создаваат високи и тешко проодни намети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само тешко ми е. Телото ми тежи. Се чувствувам како да носам зимско палто среде лето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И тешко на оној што не ќе си го запамети името и годината на раѓањето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беа свесни дека им претстои голема макотрпна работа на која тешко ѝ се гледаше крајот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку тешко сум ја пробудила рамнодушната и длабока дремливост на очите што ме гледаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука се нудат такви стоки та тешко можеш да се решиш што да купиш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа што бев ослободена од многу од моите поранешни обврски и што отпрвин ми беше многу тешко, постепено почнав да го чувствувам како пријатна околност.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Има ова попладне прсти од блискост од свое. В месо да ти се вовлече и да молчи тешко и изморено, капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Парчето стакло во неговиот џеб би било доволно тешко за таа работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
небото над Македонија наеднаш стана матно и исчадено како чаден свински бут а кајшто небото е матно и работите се матни и луѓето стануваат матни: под матно небо тешко се наоѓа некој за асолни нови планови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе