тишти (несв.)
Сепак го тиштеше причината... Не сакаше отворено да ја праша...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа трае и царува, рие и поткопува, тлее и тишти сегде, а најмногу во стихот распнат како Христос врз крстот на зборот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Гневот и жалоста можеше јавно да се потврдуваат и да се изведуваат токму затоа што не искажуваа некоја особена, индивидуална, лична и можеби патолошка внатрешна состојба што ги тишти геј-луѓето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа е Лугонес, кој од прозорчиња на воз ги набљудува формите што се губат и мисли дека веќе не го тишти должноста засекогаш да ги преведе во зборови, бидејќи тоа е неговото последно патување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)