толеранција ж.

толеранција (ж.)

Континуираната употреба води до развивање толеранција и зависност, а обидите да се прекине со употреба можат да предизвикаат болест и раздразливост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако мескалинот не создава навика, толеранција се развива за релативно кратко време.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неподготвена за поигрување со степенот на толеранција, се препелкав во мрачно претпазлива неизвесност и колебливо погледнав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Татко можеше да наведе уште многу примери од јазичната сфера, за распознавање на заедничкото во доменот на зборовите како основа за одржување на меѓусебната толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беа атавистички загрозени најголемите вредности на Албанија низ историјата: толеранцијата и верската хармонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со текот на годините созреавме во бракот и почна да се јавува и толеранција кај двајцата нас. Толеранција и приспособување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во очите на големите европски просветители, шпанскиот злостор наспроти судбината на Андалузија не беше само контраст туку и модел за човештвото за толеранција и хармонична коегзистенција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најнеограничената слобода на вероисповед е за мене толку свето право, што ми се чини дека зборот толеранција што тоа право го изразува, е на некој начин тирански, бидејќи постоењето на авторитетот што има моќ да толерира, ја загрозува слободата на мислење веќе само со тоа што толерира и исто така би можел да не толерира.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како последица од долготрајната употреба се јавува зависност и толеранција (корисниците се приморани да ја зголемуваат дозата), и во оваа фаза нуспојавите се чест случај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Порекнување на другиот Во основа, нациите како процеси на социјална интеграција и толеранција досега функционираа сосема добро.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татковиот пријател беше обземен од прашањето: како христијаните, Евреите и муслиманите можеле да живеат заедно, дури во иста политичка заедница во меѓусебна толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На „балканското проклетство” така, од книга до книга, му спротивставува световен рај на толеранција, сличен на зелениот рај на детската љубов опеана од Шарл Бодлер: златно доба на несигурна конзистентност, парада на сити деца и разиграни животни, каде што семејствата се збратимуваат (покрај разликите во јазиците и религиите, етничките кланови и политичките догми), некаде помеѓу песните и извиците, некако субверзивно солидарни, како што се оние предизвикани од митскиот Чанга: „Да живее козата на комшијата!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На кусо: разлики на светот навистина постојат, а популарната култура (со своето декларативно заколнување на еднаквост, сеопшта толеранција и релативност на вредностите) ги негира и недопуштено ги мазни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
При преведување со значенски нијанси на мошне богатата именка „толеранција“ во словенечкиот/македонскиот се потврдила скоро исклучиво само „стрпливост“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Меѓутоа и покрај прогоните на христијанските мисионери и верници од страна на еврејската заедница и римската државна власт (Нерон, Трајан, Валериј и др.), во 313 со Миланскиот едикт за толеранција била гарантирана целосна слобода и еднаквост во вероисповед за христијаните, враќање на црковната сопственост и елиминирање на култовите на државата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На исклучоците на другата страна, на мажите коишто отстапуваат од општествено најпожелната улога на херојски борец за националната кауза им преостанува само на јавна сцена улогата на заговорници на цивилно општество, односно на неговите вредности: човечките права, ненасилството, толеранцијата, еднаквоста на половите итн., значи дејствување на едно подрачје на кое кај нас во традиционална смисла може да се докаже сѐ само не машкоста, подрачје, имено, на оние интереси што хрватското мнозинство денес ги смета за сѐ уште бизарни, недостојни за вистински машки ангажман, па затоа подрачје препуштено на дезертерите од сите видови, слабаците, педерите, накратко на женскиот свет како таков.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Анет Гијомин, читателка, професор по историја Испишувајќи ја со фабулата на Времето на козите својата историја на балканските народи Луан Старова со сеќавањата од детството во Македонија ни испраќа топла порака за меѓусебно разбирање и толеранција која наликува на приказните од Илјада и една ноќ, а сепак шири несносна реа со натопената балканска почва.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како мислиш тоа да се оствари? Во секој случај, со разбирање и толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секако, потоа ќе заѕвонеше телефонот или искрснеше некоја итна и неодложна работа, која редовно ме спречуваше во моите намери, но за нивна среќа, а можеби и моја, оти инаку не знам што сѐ можеше да се случи со мојата, веќе до влакно, истенчена толеранција...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Толеранцијата е една од оние сомнителни благородни вредности, што секогаш радо ги имаме на јазикот, освен тогаш кога е тоа најпотребно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе