тон (м.)

Зборуваше со тон што не се запаметува но видливо побрзо одошто усните можат да му изговарат па изгледаше како малку да пелтечи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури сега сфатив колку е убава целата таа композиција од зборови и тонови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но во искажувањата од овој вид не е содржан подигнат тон а не е присутен ни призвук на незадоволство а уште помалку навестување на побуна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во тие два тона младата мајка внесуваше некоја чудна радост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Отруен од егоистични поети и нивните патетични стихови книгите им се облеани со прашини самобендисано се читаат себеси Трујат со песни непотребни и надмено глумат богови на поетски средби здодевни секогаш изнудуваат проливи Проклети силувачи на зборот бесмислени и неинтересни колку ли терор претрпел листот од нарцисоидни убивачи на песни Потрошени се листови тони хартијата претрпела грев и наместо поетски трипови хартијата би служела за огрев
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
На масата до нашата седнуваат двајца млади: таа во жолт костим и шешир во иста боја и сламена торба подврзана со шарена марама, а тој во спортски гакици, ама не во тон со неа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Математички изразено, нејзината ефикасност изнесува 98 отсто објаснуваше тој со строг службен тон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции... - дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чиновникот го следеше на високи тонови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Оставете! - со тон на наредба просаска Кикицас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пречките и грешките во филмската текстура директно се надоврзуваат на оваа естетика, а силните контрасти, без сиви тонови, на раните Ворхолови филмови им даваат дводимензионалност карактеристична за неговите платна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Улицата опусте. Само понекогаш липаше со грозни тонови виолината на писарот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Освен тоа, усните сведоштва ги обојуваат работите, им даваат колорит и тон и душа на настаните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зборувајќи така со мазен тон на човек кој насамарил некого, врагот мошне учтиво се поклони пред трговецот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мојот впечаток е дека верувањето во текстот произлегува од вистинитоста на тонот, од оној внатрешен говор кој на сцена го препознаваме како „логичен акцент“, во секојдневниот живот како лага или вистина, а во литературата како симулирано или стварно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И забележав како волшебно се менува бојата на гласот, тонот и што е тоа и не знам, ама кога ќе застанеа на ред пред дупката на стаклото и кога „шалтерката“ ќе подигнеше поглед кон нив, дали од тоа дека парите се на дофат од пензиската членарина, чекачот звучеше поинаку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сакам да кажам дека на немиот филм му недостасуваа многу малку работи, само природен тон.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Практичната слика на животот добива свој тон, своја боја, свои нијанси во детското разбирање.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа е раскажана во реалистичен стил со фантастични пресврти кои се третираат на рамништето на истата стилска постапка, во ист семантички код, стил во која преовладува природниот раскажувачки тон (на кој му веруваме) проткаен со ритмична и често римувана проза.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе