тоталитет (м.)
XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во човекот почива, тврди тој, една моќ на раскинување: тој може да се изземе од својот контекст, да избега од националната сфера, да зборува, мисли, создава без веднаш да го посведочува тоталитетот од кој еманира.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Фрагментот дава знак во насока на тоталитетот, тој е разорен тоталитет, ветен тоталитет.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Идејата за руина, нпр. кај Бењамин, се поврзува со копнежот по архитектура, конструкција која неотповикливо е разорена, но чијшто фантом на тоталитетот сѐ уште ја посетува таа руина.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)