трае (несв.)

Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од април до мај не врзуваш крај но празникот мора да остане нај на банката камата огромна дај и пак отпочеток рмбај и трај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Иако периодот на секое вработување на определено време не е изречно определено, може да се заклучи дека не би требало да трае долг период – односно, само по исклучок, би можело да надмине една година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од соседната мала просторија се слуша детски плач кој трае во текот на целата сцена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не ме трае срцето побргу да го видам Никифор и нозете сами ми трчаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но тоа нешто е вештачко и како такво ќе трае ден до пладне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бегавме и со себе ја понесовме и војната која сѐ уште трае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Почнуваше од првиот поглед пред хотелот Куба на матурската забава преку првиот допир на рацете во паркот зад стадионот, до бакнежот што траеше вечност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова придонесуваше да западне во метафизичко неспокојство кое траеше подолго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најнакрај разбираме дека и разделбите се за во песна и додека трае обновата и изградбата ќе има и нови траги на минливоста.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Самиот судски процес траеше нешто повеќе од година и пол.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Престојот во Атеистичкиот музеј како да траеше цел еден живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не траеше долго седењето кај кумот на клупите покриени со ткаени килими и масите со бел како снег штиркан дамаст.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не можело да се замисли поголема привилегија да го спасат своето дете од најверојатна смрт кога воениот рок траел петнаесет години!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како смртта вечна што е така борба долго трае.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Кај се траело да не мрднеш на таква радост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има толку многу во едно менување што кусо трае.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа мистериозна игра, која јас така почнав да ја нарекувам, продолжуваше да трае сѐ до крајот на работниот ден и многу често ми пречеше во работата, особено кога се трудев да се задлабочам во нешто.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Срце не ме трае да го видам човекот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе