трактор м.
тракторист м.

трактор (м.)

Ех, ништо, му велам јас, ништо не можеш да донесеш ни на раце, во најлонче, а камоли со трактор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
При второто врвење со тракторот, гледам плиток темел и наредени камења за ѕид.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Многу бргу ги огреало сонце и тој почнал да ора со трактор во Лозарството, а таа да мете во шталите по цел ден, иако тоа од неа никој не го барал, ама бадијала не се седи. Сакале да ѝ платат... во млеко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Целото попладне се искачувавме до гробиштата. Тракторот брмчеше и се занесуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оливера ми кажа дека некои деца биле уште уплашени од војната и дека не можат да спијат, а кога ќе заспијат викаат во сонот и бегаат од постела, се кријат под креветите, некои само да чујат брчење на камион или трактор, и ќе почнат да скокаат низ прозорците, си мислат авиони и тенкови идат и ќе се пикаат по грмушките, ќе се тресат ко пилиња, негователките ќе ги бараат, а тие ги затвориле ушите и очите, само устите им стојат отворени, ама пак не се оѕвиваат, не се кажуваат; оти не се оѕвиваш ми вели Горачинов, кај беше досега отидена, ме прашува, по ортомата своја, му велам, и јас не знам кај бев, а надвор се смеат, на вратите од кабините ни напишале ,То долапи ефтихијас"18 и се смеат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човекот од Стрелеско се мачеше да кочи со тракторот пред нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знаела Симон дали ќе се врател и кога. Да сум ја однел со тракторот до Црноеч.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го качија сандакот на тракторот и ставија на него само неколку од венците.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас се најдов во незгода. Да сакав телевизор, не сакав, а еве Симон со тракторот дури в град.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас со тракторот уште претпладнето оној ден дојдов кај браната, каде што се држеа говорите и седев во тракторот и чекав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зборуваат само национално, национално, како да не сме луѓе, како да не јадиме леб и да не пиеме вода (мене ми зачука срцето), ние треба да се најадиме, вода да тече, а не да ни ја крадат, трактори да купиме, крави млечни да донесеме, кози алпина раса што даваат седум литри на ден, та за нација, пак ќе сме нација, ебати нацијата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А и друго: Симон знаеше дека само јас со тракторот можам да возам од браната до Долнец по патот направен од багерите што работеа на браната, откако стариот пат го покри езерото, и дека само јас можам да се искачам по онаа стрмнина до гробиштата на Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На општото гумно, над селото горе вршалица врши, снопје -класје зрело; есенската угар со трактор се оре, - нов живот се раѓа во моето село!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Дво и трокатни куќи, градени со делкан камен, бели фасади, сите куќи поврзани со електрични и телефонски жици, бензинска пумпа, кафеани, аптека, улиците под асфалт, градинка, основно училиште и гимназија, многу патнички коли, трактори, комбајни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во еден момент Симон побара да се запре тракторот и со ортомата зеде да го врзува здраво ковчегот, зашто почна да се спушта назад.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Песни ечат во твои пазуви, рофка земја со трактор се оре, план сеидбен, норми надфрлени, поле мое, ко широко море!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Завртив со главата во чудо, а потоа стегнав на гасот на тракторот и заминав нагоре кон Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Фала богу мојот трактор е од помалите, марка Тома Винковиќ, со мала, тесна приколка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Му се јавив на Методија од Стрелеско да го спреми тракторот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе