трезен (прид.)
Обратно од она што можеше да се очекува, тој токму потпивнат возеше повнимателно и побавно одошто трештен трезен и самоуверен во своите рефлекси.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но во тоа не верував ни трезен ни пијан.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Секој пијан боем е поинтересен од трезен професор по филозофија.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Лажев дека сум поинаков од другите, не заради нив туку заради себе. Но во тоа не верував ни трезен ни пијан.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Поарно е малку да се отспие и да биде човек трезен кога е буден. (Пауза.) Ја сретнав Лиле. Праша како си и те поздрави. СТЕВО: Не ми е гајле.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Но другата промена, враќање во сериозната, трезна свест беше вистински поразителна.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)