трем (м.)
Седам во тремот додека наближува дождот него летните запурнини го навестуваат премалените треви пеплосаните лисја на црешата лепливите мириси на летото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сега седам на тремот и мислам на убавите сенки стопени веќе во синиот чад на зимското небо.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Јас молчам и горам ко свеќа запалена под некој голем црквен трем.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги пудам ги плашам по нив удирајќи во тремот засолнат.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Третиот брат држеше касапница во градот, касапницата на бегот, и затоа можеби на тремот од куќарката на овие Турци понекогаш гордо висеше, и по неколку дена, заклана јалова овца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Влаинката почесто одеше кај турските жени, кои во отсуство на мажите ги плетеа рогозките на тремот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Иако не може точно да види, нејзе ѝ се причинува дека од спротива, недалеку од пумпата во дворот, од тремот на сниската куќарка, грдиот Радуле и неговата држанка Стојна како да ја исмејуваат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во ќошињата на тремовите и во некои напуштени куќи, во одаите со искршени прозорци, веќе почнуваа да ги градат своите гнезда.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И наеднаш врне дожд тој тече по долгите опуштени лисја на црешата трепери по ливчињата на јасиката го мекне липиното цвеќе и тремот станува трем на шумска колиба сред летна луња.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Под тремот црквински редачките веќе клаваа за ручек и нешто постојано брчеа со устите, како и мувите над котлите со манџа. 13
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа најде една празна вреќа, ја посла во аголот од тремот, веднаш до вреќите со компирот, па ја пренесе тука срната и полека ја спушти на простирката.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Седиме во тремот на една суниска селска куќа, а месечината се истура озгора.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се качи на малото чардаче, оставајќи го кучето во тремот од кошарата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во тремот бавен и тежок шум на шајакни влечки. Не е циганката.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Испотени, мртовецот го носат; и во тремот го внесоа тој товар скап, а луѓето се собрале крај мртвиот и немо приковале свој поглед тап.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
2 Овде на овој трем под лозницава завиткана во влажни ветрови во сенката на тешкиот рид што паѓала по нејзините раце, по ставата, овде сѐ уште живее сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
1 Оваа ноќ на твојот трем на небото од бршлен навраќаат ѕвезди Зад благите огнови оваа ноќ Зад летните ѕвездени огнови живеат сенките на твоите прсти.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
И наеднаш пред уште дождот да капне во пресрет му идат и лисјето и земјата и птицата изгубена во жбунот и здивот мој заборавен во тремот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)