трепети несв.
трепет м.

трепети (несв.)

Не можеше да го разбере. Трепетеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако жена не донесов ѓул- трендафил во одаја верна, добра млада љуба - не ме к'лни, не ме жали; во борбата другарката с'лнце сјае, с'лнце трепти!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се испулува на двете страни. Сам е. Не, не е сам, тој стои лице в лице со неа, и таа му се смешка како да ѝ трепетат живи усните.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секој нешто ќе даде, трепетеше Влаинката и си ги кршеше занесено танките глуждави прсти.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но Соколе не ѝ одговори. Пред неговите очи трепетеше во сјајот на електричната светлина ликот на девојчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не беше лесно за стариот да се реши, зашто досега никогаш тој не прибрал туѓи луѓе во своја куќа, или подобро речено на своја територија, бидејќи ова катче заградено со поцрнети штици, негдегоде накривени и проретчени, го чувствуваше како некоја своја посебна држава, за суверенитетот на која постојано трепетеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Луѓето и не го виделе, сѐ уште свртени кон неподвижниот труп преку кој, им се сторило, лазеле танки линии крв и испокинати жили, додека месото под распарталената облека се отвора сама од себе и трепети од допир со студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ѕунам и да трепетам како листот, јас ситноода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во неговата близина нема никого. Куќите трепетат како да се испаруваат. Проѕирните неонски светилки со безбројно шарени зраци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Колениците ти трепетеа. Студено е овде, реков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие со сигурност го држат ножот и не трепетат веќе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полуотворените усни ѝ трепетеле и ја ослободувале рамната белина на забите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така било: несреќата завиткала во црно над четириесет куќи а од плачењето на проретченото Кукулино и небото трепетело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога не гори тогаш трепети, светка... Со мртов оган. Со огнот на смртта“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Со оморината како да трепети и загубената врева на денот, но сето тоа е така безгласно, така тихо сега.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Ќе го убијам.“ Едната веѓа на жената непрекинато трепетеше. Како гасеница да се бореше со ветар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прстите му се суви и непослушни. Старечки трепетат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Моите раце веќе не трепетат тие се живи и млади стебла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)