трпение ср.

трпение (ср.)

Го чекаме возот и нѐ издава трпението.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Годините поминати во автобус на долгите патувања и чекањето на границите ме истренирале, трпението ми е на ниво 11 од можни 10.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имав трпение, преку преведувач, да го ислушам секого и да го запишам секој нивен збор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Штом ќе изгубев трпение, ако за нешто ми досаѓаше, веднаш ќе се сетев колку и таа е осамена, без мама и сѐ ќе ѝ простев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Трпение само вреди, таа камата се плаќа до вечност.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Само уште миг трпение и тој ќе знаеше каде стасал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа порака на Летка ќе го потсетува дека ќе му биде потребно трпение додека прикаската не легне, додека невидливиот камертон не го потсети на првата нота со којашто мелодијата може да почне со најмал ризик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мрзлив неранимајко! Тој го искушуваше трпението на персоналот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само трпение. Така ми рече и мајка ти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури и Рафаел го губи, цртајќи ги нацртите за фреските за ватиканската Stanza, трпението за милност и достоинство кои и нему му стануваат напорни; во приказот на потопот се гледа склоност кон апстракцијата, радост и уживање во храброста, во насетената снага да се совлада не само убавината туку и Горгона, она стравичното.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога една од одаите одново ја малтерисувавме, Симон немаше трпение да гледа како мајсторите произволно ги влечат рабовите, особено рабовите околу вдлабнатите прозорци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не сакаше да го пренебрегнува сето тоа, но често немаше трпение.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Не знам зошто имам чудно чувство дека секој ден ми доаѓа судниот ден па се наежувам од уплав и морници ме полазуваат и се замрсувам како долг многу долг и излитен конец јазли полн, а трпение немам да го размрсам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Оние кои се сами и со премногу време на располагање, немаат трпение, постојано чекаат нешто да се случи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таков беше тој Јоше. Немаше трпение нешто да каже со зборови иако сите го сметаа за умен човек.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Го слушаме капетанот, вреска силно и наострено, а крај него толкувачот, што го довеле од некаде, преведува: - Трпението дотраа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И од тој најширок спектар на емоции во една референтна рамка или основна архитектура на менталниот живот во чии темели се посветеноста, чесноста, лојалноста, грижата, одговорноста, самодовербата, сочувството, љубезноста, трпението, трудољубивоста, смирението, воздржаноста, хармонијата денес како да е отсечена сиопсата, врската со емоционалните центри во мозокот со што се предизвикува хаос во процесите за расудување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Човек треба специјално да се вооружи со трпение, ако реши да купува било што - од леб, заленчук и овошје, па сѐ таму до најобични нешта во трговските магазини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе