тутка (ж.)
Само напати ќе им светнат рамената и слабините, колковите и мевот со прелапнати тутки влакна меѓу ципите...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Почна да ми паѓа и косата. Цели тутки коса ми остануваат в раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се смеам и за она „распуштеница“, а и за она гнездо од тутки што навистина го има на темето, ама се „увалила“, како што вели мојата друшка со два аршина за еден ист пример.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но кога си погледна во рацете, не можеше да им поверува на очите: цели тутки влакна ѝ беа намотани околу прстите. Како на гребен, како на гребло.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тркалам така клапчиња бубачки, што се вели, тутки смет и бубачки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)