убеди св.

убеди (св.)

Доста се таквите жални резултати од врзувањето на нашите интереси со туѓите за да се убедат мнозина дека нашиот спас е само во националниот и религиозниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одовде ќе се убеди човек оти центарот и најголемата улога во таа империја ѝ припаѓаше на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Упорно настојувам да се убедам дека еден од петте големи прсти е неподвижен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мала набљудателност треба за да се убеди човек во таа вистина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се убедија со напредувањето на српската пропаганда во Македонија оти тие не се единствениот фактор во македонското прашање, а оти има, освен нив, и други и оти успехот при конкуренцијата ќе биде таму каде што ќе биде поддршката на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никој не би можел да ме убеди дека таа не нѐ сака и дека не е загрижена за тоа како живееме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исмаил бил од оние многубројни Турци и Европејци коишто уште не можеле да се убедат дека Македонија има сѐ повеќе луѓе што се фанатично предани на ослободителното дело и се готови во секој момент да се саможртвуваат за својата татковина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа мора да те убедам да сфатиш дека духот е секаде наоколу, сеприсутен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се обидов да го убедам, колку што можев молезливо и благо, но тој стануваше нестрплив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но Македонците во Бугарија го убедија бугарското население во правината на нивната програма за полно одделување на интересите на Македонија од интересите на Бугарија, ја покажаа политиката на владата, на кнезот и на „генералскиот комитет” или Комитетот на Цончев-Михајловски102 како егоистичка и добија во Бугарија поголема власт над „генералскиот комитет” и над владината политика по македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А за да го убеди началникот оти навистина се посрби, почна да ги брка своите селани — воени дезертери, што не сакаа да се борат против пријателот на Бугарите — Австроунгарија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Единственото несогласување околу брачниот подвиг, беше содржината на поканата која требаше да ги убеди нашите драги гости да донесат пристоен подарок.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Убедена сум дека сѐ ќе биде во ред, нели?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вие научете го, изучето го, усовршете го... пред борба, а потоа во борба сами ќе се убедите дали добро сте го научиле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И се убедив дека друг излез нема: само истрајност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислев дека денес ќе можам да го убедам вашиот син ако не да се откаже од своите намери, тоа барем да се фрли под друг, а не под мојот воз.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беспредметно беше, не можеше да се убеди. Мислеше на ножови и на очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе