убиен прид.
убие св.

убиен (прид.)

Тогаш клепките на убиениот сами од себе паднаа како театарска завеса поклопувајќи го неговиот зелен лик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И потоа низ дуљбија гледаме како си ги прибираат ранетите и убиените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А тој да ти биде убиен пред 30 години во Цариград.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше повикан во Стамбол и таму беше невернички убиен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Уште Сатирот не заминал, човекот што праша се најде кај сопственикот на убиеното куче. Му вели: - Комшијата. Сигурно знам!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако беше предупреден дека првиот што ќе стапи на тројанското тло ќе биде веднаш убиен, синот Лаертов прв скокна од бродот, но прво на својот штит којшто пред тоа го фрли на брегот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Под него остана локва крв и Толе виде дека палтото на убиениот беше продупчено под двете мишки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се намести до мене и ми ја прочита песната за убиениот крал напишана на руски, од кое јас запомнав само неколку зборови без да ја разберам содржината над која тој пролеа врел поток.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сака уште да рече Можеше да се случи секој од нас да биде убиен, но се премислува: Само стрика Анѓела не го одмина кутриот, вели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зарем не беше запишано на паноата тоа што сакаа да ни се порача, во списоците за убиените свештеници и верници, па сега мораат и гласно да се читаат овие имиња, да се коментираат нивните дела, со различна интонација на гласот, во зависност вината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Крсташот, и таков, убиен, раскрилен во правта и со закопана глава во неа, изгледаше непобеден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За него веќе нема место во селово, а може и да е убиен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој пукот е една убиена вошка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- И видов еден овчар како молзи млеко во шлем од убиен војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Куќата се тресеше кога тој слегуваше од катот, ама тој ден никој не му го слушна чекорот, не дека од страв човекот газеше внимателно, туку само затоа зашто лелекот по убиената Пинговица го надвишуваше и бозелот во дворот а не само нашите исплашени очи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Можеби е од оние проколнатите што сме ги гледале по филмовите, можеби во неа скапува телото на некој убиен човек, или пак се крие некој страшен убиец, а можеби ноќе, таму, некакви вештерки подготвуваат отровни пијалаци за маѓепсување на децата?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А долу, во приодите кон градот, сѐ што беше останато рането и убиено во минските полиња, пред пушкарниците на бункерите, со бодликава жица врзана за врат ги влечеа до местата каде чекаа војничките камиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Влечејќи се, се најде до убиениот командант. Почувствува како му се стега грлото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе