ублажува (несв.)
Од твоите очи иде нешто што ми ја ублажува болката...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го ублажувал црвенилото на крајниците и го освежувал дишењето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Татко ми беше близу до сознанието дека козите од овие балкански предели сигурно колку-толку ги ублажуваат последиците од ужасната „класна борба”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дури и го почувствувал мирисот на оние треви со чиј мелем се ублажувале изгореници на кожата со име волчо срце или така некако, волчи јазик, волчи трн, облипиха во јазикот на руските трговци и војувачи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Фонтовите немаат тела. Тие го ублажуваат чинот на читање.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Својствата на музиката
му се спротивставува
на календарското време
и начин на живеење;
сѐ подредува на себеси;
од еден и еден прави
еден човек;
не ја злоупотребува искреноста;
ја ублажува сличноста
меѓу несреќата и страста;
ја збогатува крвната слика
на емоциите;
луѓето ги дели по слухот;
процес е кој трае
без оглед на злосторствата
исчезнувањата, паѓањата
во неа емигрираат
немуштиот јазик
и душите
потребни ѝ се помошни средства
луѓе и тишина;
се нуди
во најразлични изведби;
предизвикува природни феномени
затемнување на сонцето
на љубовта, рамноденица
труење со хармонија
музиката е без предрасуди
не озборува, не осудува
избезумува
те заведува, те заведува
и кога си во нејзини раце
те остава сам, со себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Благоста на неговата душа се прелеваше преку сето тоа, и сѐ беше како во скрит залив, каде што се ублажува ќудот на брановите од широкото море.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Оттогаш, од минатата сабота, Лазор, кутриот, гори во треска, а Јосиф бдее над него, и дење и ноќе, и со разни лекарства му ги плакне раните и му ги ублажува болките.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Личните документи го ублажуваат општото чувство на живеење во Лимб, со личните документи веќе можат да се донесуваат и животни одлуки.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ѓорѓе се чувствуваше бедно. Алкохолот ни малку не му ги ублажуваше ударите со кои го шибаше Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја проповедаа кралевите и аристократијата, но и нивните паразити, како што се свештенството, адвокатите и слични на нив, а беше ублажувана со ветувања за надомест во измислениот живот од другата страна на гробот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Истиот го ублажуваше со тешкото црвено вино, празнејќи го третото шише по ред. Часовите се наближуваа кон ситно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жилаво наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мојата поезија можеби ги ублажува пресилните удари од историјата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Меланхолично се движеше низ куќи. Работата ѝ беше еден вид лек, ѝ ја затапуваше болката во срцето и ѝ ја ублажуваше осаменоста што се надвиснуваше насекаде.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во тоа, впрочем, и е парадоксот на француско-германската кавга: теориското спротивставување се ублажува дотолку колку што антагонизмот се продлабочува. 27
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Босфорскиот проток, и од европската и од азиската страна, сиот е претворен во ривиера и место каде што живеат позамошните, зашто овде, на благите падинки кои се слуштаат до црноморските води, секогаш е свежо и дува ветре, што ги ублажува пеколните жештини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, како ова да не беше доволно, па пет години подоцна – со носењето на новиот ЗРО (2005), беше избришана и оваа последна превентивна одредба која, колку-толку, ги ублажуваше последиците за засегнатите работници, особено на оние кои многу долги години, на пример и над три децении, работеле во одредено претпријатие.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)