уверен (прид.)

Потомства и потомства на мојот народ исчезнувале уверени дека еднаш ќе живеат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Истоветна лузна каква што носеше Тој на челото - ѝ изгреба и на секирата уверен дека лузните нанесени од честа не се грди, па продолжуваше сам низ планината листајќи ја како недочитана книга чиј јазик го разбираше само - Тој.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Бев уверен дека немам од што да се бранам а знаев дека нема поголема глупост од онаа, да се бориш со замислени ветерници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но што беше она на што сега мислев и бев уверен дека не само го согледувам туку и дека можам, да го изразам со зборови, да го запаметам како кажување. Ебати бељата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога Татко беше уверен дека конечно Камилски ја завршил својата прикаска за башибозукот, тој се исправи, прошета со погледот кон наредените книги на рафтовите како вистински војници, кои само тие, двајцата, со нивното читање ќе можеше да ги прочитаат, да ги совладаат, да ги направат безопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
47. Јас сум еднаш уверен оти во мојата постапка нема ништо предавничко: 1/ оти мислите, не само на приватни лица како мене, но и на сите Македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барањата и предлозите на целиот бугарски народ и на бугарската влада не се во состојба да ги изменат погледите на големите сили и на Русија врз потребите на македонскиот народ; 2/ сите усилби понатаму одвај ли ќе го променат поведението на државите по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немаше начин да се дознае чија верзија ќе биде конечно прифатена, но беше длабоко уверен дека тоа ќе биде неговата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие беа уверени и тврдеа дека им е израсната и втората половина, и дека се потполни, самостојни кругови.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Татко беше цврсто уверен дека секоја победа всушност создава нови јаничари.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во тие мигови, гледајќи го загрижено нејзиното лице, тој беше уверен дека таа презела сѐ за решавање на проблемот што најчесто го измачуваше сето семејство, па сега узреало времето за одлука.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Биди уверен, пријателе, дека патот ми беше познат: пет чекори до првиот басамак, дваесет и три крцкави ребра на скалите, девет чекори на лево до собата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На пример она: „Јас сум уверен дека детето е плод на вистинска љубов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татко ми беше цврсто уверен дека една идеологија, токму верата, му е доволна на човекот, на човештвото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше победа на смелоста на митрополитот, на неговата интелигентна тактика, но и на неговиот дипломатски дух, со кои, беше уверен владиката, небото ненадејно го обдари поради неговите услишени молитви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Уметникот излегува посмирен во салата. Тој е сега наполно уверен дека не згрешил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Луман замина нагоре спокоен и сега веќе сосем уверен во пријателството на Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа, тие камени блокови, Чанга ги гледаше со сопствените очи и затоа беше уверен во историската вистина за Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе