угнетувач м.
угнетувачки прид.

угнетувач (м.)

Му доаѓа да се „изблуе“ на културата на угнетувачите и со радост признава дека, секогаш кога ќе се спомнат западните вредности, колонијалниот поданик „ја потегнува својата мачета или барем гледа да му биде при рака“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие го изразуваа и нашето одбивање да си врвиме кротко, да отстрадаме тргајќи си го страдањето надвор од видокругот на јавноста, да си ја криеме сексуалноста, врските да си ги ставиме в плакар, а на угнетувачите да им гледаме низ прсти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гемиџискиот кружок во Солун бил рожба на епохата, на едно незаборавно време, кога нашиот народ тргнал во организирана и масовна борба против вековниот угнетувач за извојување на национална и социјална слобода.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да, денес е денот кога ќе започне борбата меѓу угнетените и угнетувачите!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)