улав (прид.)

Дали ќе видите некој сон оти јас се избавив од улавото море што ќе ме удавеше?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Такво улаво, безглаво бегање сѐ уште не сум видел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го истегнувам само вратот, и во тој улав час ми иди да ја одвртам главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таванот е умен колку што е улав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се стои ли крај оган среде толку улава горештина? А се чекаше ова.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Небаре нешто за јадење да ќе му дадам викам по кучето, ко улава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уља и Велика како врзуваат крај со крајот, Горица сега да ме види не ќе знае што род сме и сигурно ќе бега од мене, улав живот, ебати животот наш, да не се делевме заради мене може поарно ќе живееја, ама човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева, барем него ништо не може да го изненади...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега Чанга со својата улава парада можеше да го сврти текот на историјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се погледнале градителите. Царот нивен ја многу е умен ја многу улав.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Всушност, малкумина знаеле дека покрај улавите води на природата, некои се обидуваат да направат течение на духовен немир.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се случило еднаш, кога аналитичките служби на министерството останале без крунски аргумент за една инструкција која требало да се испрати до сите амбасади во светот, тогаш министерот решил да побараа мислење од улавиот дипломат на мансардата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ја барам и по полските клозети, викам ко улава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
како ние да не сме го врвеле, ама не бре, кој може да нѐ запре, кога ќе те удри улавата мисла, полоша е од стечена суводолица и не гледа кај врви, што ќе откорне, што ќе забере, а босот уште ни вели, вратете се ако нешто не е о кеј, пак вратете се,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас ќе вријам од лутина, а тој пак исто: Ти си убаво чупе, но улаво чупиште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Се плашат да не им влезе мачка. Улави се. А глувците на глава им се качуваат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се скара со селските комунисти околу демократијата, дали е тоа бескрајна цел или орудие за стабилизазија на човековата свест, ги испцу и им рече дека се улави.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А улавата Рајна постојано потскокнува: „Мене ми мавна! Жими сѐ!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вртеа луѓето како улави околу езерото, се загледуваа во водата, влегуваа во езерото кога ќе им засенеше нешто, претаа со стапови низ шеварот и трските, фрлаа камења во плитките места, но сѐ беше попусто.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе