умно (прил.)
- Умно зборуваш, синко, но ајде да видиме што станало со скривницата - рече мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Исто така Македонците можеа да работат и заедно со Грците, да можеа Грците да работат поумно и да беа само Грција и Македонија под Турција околу 50 години, кога сите други балкански земји би биле слободни.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога умните субјекти себеси умно се истражуваат, тие во себе не откриваат никакви регулативни величини од последна инстанција туку енергична лишеност од тло.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Ништо не му реков на Земанек за онаа вечер; му реков само дека сум ја видел Луција со тетка ѝ на корзото, и дека не сум ѝ пристапил; тој рече дека умно сум сторил, оти сум бил сѐ уште неистрезнет и непресметлив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Беше тоа испиено еврејско лице, со огромен кадрав ореол од бела коса и со малечка козја брадичка - умно, а сепак некако подмолно лице, со еден вид сенилно лудило во долгиот тенок нос, на чиј крај стрчеа чифт очила.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко ми беше видливо изненаден од прашањето на Чанга, поставено толку умно и во духот на татковите главни мисли.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имаше мудрост, голема мудрост во советот на покојниот Татко, којшто Мајка умно го спроведуваше одржувајќи ја рамнотежата помеѓу сите свои израснати чеда, со нивни семејства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја прашав Луција зарем не е поумно да води љубов со мене, одошто да биде нивни активист.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не делува умно, си рече авторот. Овој е човек што мисли со нервите, заклучи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А и не е срамота да се браниш од ѓаволот и од болестите. „Умно е само она што е и корисно за тебе, за куќата“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама сакам машки да ми одговориш и умно, како што говореше, бог да го прости, татко ти.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Пелагија малку по малку навлегуваше во светот на Дончо, во неговата подготвеност за на училиште и веднаш заклучи дека и тоа е умно колку и нејзината Пеличка, ама она што го знаеше самиот го откривал талкајќи низ стопанството, а изгледа мајка му ни малку не се интересирала да дотура во тоа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во песните шумолат умно и страсно
симболите, желни еден за друг
-промискуитет на идеите-
мета-куршумите не се бесмислени
стиховите се тајни емотивни здруженија.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа старо, умно куче беше дел од неговото детство, негова најголема радост, негова најсакана игра.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Калево е наоколу обиколено со длабок канал изѕидан од делкан камен, а дрвениот мост, кога ќе затреба, се крева на чекрек и така станува заштита пред портата. Умно смислено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И како умно и убаво зборуваат таму во книгите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го оставија селаните, но само од директното учество, а советите ги прифатија и многу умно направија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)