управен прид.

управен (прид.)

Но кога љубопитно поткрена глава, виде дека очите на светлокосиот се широко растворени и управени напред во светлото летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Против ова решение може да се поднесе жалба до Владата на РМ, а, пак, против нејзиното решение може да се заведе управен спор пред Управниот суд; •  петтиот нов член се однесува на подоцнежната постапка на преиспитување на репрезентативноста, бидејќи таа се определува само за временски период од три години, од денот на донесувањето на решението.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според нив, „таков еден аранжман економски може да биде корисен, а присуството на меѓународните власти може да послужи да се зголеми стандардот на локалната управна власт, под услов да се воспостави ефективна меѓународна власт со можност да интервенира во спречувањето на неправдите докажани од нејзините органи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Покрај промените во одредбите што се однесуваат на паричниот надоместок, усвојувањето на ЗВОСН донесе промени и во поглед на засновањето работен однос, помошта што ја обезбедува Заводот за вработување при професионалната ориентација, обврските на невработените лица, водењето евиденција за невработените лица и составот на Управниот одбор на Заводот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бројот на извршителите за подрачјето на основниот суд го определува министерот за правда врз основа на претходно прибавено мислење од претседателот на основниот суд – за бројот на правосилните и извршните одлуки на 45 основниот суд, а од Владата на РМ – податок за конечните управни одлуки кои гласат на парични побарувања кои би можеле да бидат предмет на извршување, како и по прибавено мислење на Комората на извршители (чл. 31, ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Како?” - прашува снисходливо актуелниот претседател на еврејската заедница кој стои пред Координациониот управен одбор за социјалните работи, зајакнат со Д-р Цви Корец кој е сѐ уште повратник од Виена и личност без функција и уште дванаесет видни личности на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На немилата ситуација, да не должам понатаму, ќе ѝ ставиме крај со вкупниот откуп за нивната слобода, што успеав да го издејствувам пред воените власти”, полн со ентузијазам им објаснува д-р Мертен на соговорниците од Координациониот управен одбор и претседателот на солунската еврејска заедницата Сабетај Салтиел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кај казнивите дела против правосудството постои и делото „Поднесување лажни докази“ според кое тој што во постапка пред суд или во управна постапка ќе поднесе докази за кои знае дека се лажни, ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во однос на правото на работниците на учество во управувањето, Законот за јавните претпријатија утврдува дека основачот на јавното претпријатие по предлог на Советот на вработените, а до неговото формирање, по предлог на мнозинскиот синдикат во јавното претпријатие, именува и разрешува претставници на вработените, чиј број изнесува 1/3 од членовите на Управниот одбор на претпријатието (чл. 17).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По окончувањето на спорот пред повисокиот суд, Зефиќ добива морална сатисфакција затоа што успева судски да го добие спорот, и се враќа на работа на место соодветно на нејзиното образование – виш соработник за управни работи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со Законот од 2007 им се дава право на странците на кои им била одбиена жалбата до министерот за труд и социјална политика да поведат управен спор пред надлежен суд, согласно со Законот за управните спорови (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За да се обезбеди непристрасноста на инспекторот при спроведувањето на инспекцијата, со ЗИТ (1997) е пропишано дека инспекторот не смее да врши надзор кај работодавецот каде што тој или член на неговото потесно семејство е сопственик или сосопственик, член на управниот одбор, директор или каде што тој или член на неговото потесно семејство имаат материјален или друг интерес, додека, со цел да се обезбеди извршувањето на обврските од негова страна пропишано е дека тој е одговорен ако пропушти да изврши обврски или да преземе мерки, кои по законот бил должен да ги изврши, односно преземе, во постапката на надзорот (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со оваа казна ќе се казни странка која при изведување доказ со сослушување на странки во процесна или во управна постапка ќе даде лажен исказ, а врз овој исказ е заснована одлуката донесена во таа постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Врховниот суд на РМ е надлежен: 1) да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 2) да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; 3) да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки 138 на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 4) да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови; 5) да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во РМ, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и тргнувајќи од судската пракса на ЕСЧП; и 6) да врши други работи определени со закон (чл. 35, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По тој начин Стале образува „управен одбор“ чијшто доживотен претседател остана тој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во постапката за решавање на правата од пензиското и инвалидското осигурување ќе се применуваат прописите за општата управна постапка, а за правата кои се остваруваат кај работодавецот прописите за работни односи, ако со овој закон не е поинаку определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мајка му и една ситна црномуреста девојка липаа над него, а неговиот поглед, далечен и туѓ, беше управен кон синевината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја, започнувањето штрајк во јавното претпријатие и неговите карак- теристики се сврзани за повеќе процедури, кои го отежнуваат и започнувањето и ефективното одвивање на штрајкот во јавните претпријатија, додека правото на основање Совет на вработените и учеството на претставници на работниците во Управниот одбор на претпријатието е укинато.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе