уследи несв.

уследи (несв.)

Наместо збирштината од провинцијализми би уследило времето на светската литература.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ревот на огромниот хор на бурата се јавува малку подоцна, и можев да си го замислам свиткувањето на гранките и офкањето на стеблата што ќе уследеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Првите закани уследија по успехот (јас си припишувам дел од тој успех себеси) кога проституцијата од Заводот за статистика во Стандардната класификација беше заведена во графата на занимања како професија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По завршувањето на операциите во февруарскиот поход уследиле низа значајни акции од страна на единиците НОВ и ПО на Македонија врз чувствителните точки на окупаторот низ цела Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Уште на почетоков сакам да нагласам дека сѐ она што се случи досега па дури и она што би можело да уследи, воопшто не ме изненадува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури потоа уследи и објаснувањето: - Сега тоа ми се чини смешно - го објаснуваше Катерина моментот кога Јана ѝ го грабнала младичот - иако станува збор за неприличен акт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стрпливо чекав да дознаам повеќе за аскетизмот, но тоа не уследи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Спомна и некоја несправедливост кон мене од нивните искажувања а веднаш потоа уследија и зборови во одбрана на нашата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И навистина, по крвавиот опис за уништувањето на евразиската армија, со вчудовидувачки бројки за убиените и заробените, уследи соопштението дека, почнувајќи од идната недела, следувањето на чоколада ќе биде намалено од триесет грама на дваесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
(Дали ваквиот тек на размислувањето всушност посакува да ме наведе на заклучок дека и во случајот со исчезнувањето на Загорка Пеперутката ќе уследи сличен крај?)
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А и она, што уследи во однесувањето на Виктор изобилствуваше со знаци што не можев да ги протолкувам бидејќи не бев сигурен колку бев јас виновен за натамошните постапки на мојот постар брат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Океј, можеби сметам дека Америка е новата Римска Империја... но кога паднал Рим, уследиле стотици години на Мрачниот среден век - а тоа е нешто што јас не би сакал да го доживеам!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И во долгата ноќ што ќе уследи потоа Гладните да имаат побогат и полесен сон.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се разбира уследи и она негово смеење, но притоа беше очигледно дека Боге од Бањи се трудеше Даскалов да не го забележи неговото присуство а уште помалку да ги слушне советите што ми ги дава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Спорот беше зачнат уште по Балканските војни кога големите сили на Лондонската конференција ја формираа албанската држава, обележувајќи ја територијата само на карта, бидејќи поради војните што уследија, не можеше границата да се постави на теренот и да се разграничат местата меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сметам дека можеме да му честитаме на Луан Старова за последниот успех, со надеж дека, што е можно поскоро ќе уследи преводот на интегралната балканска сага.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вечерта што уследи потраја подолго од сите вечери што ги паметев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Победата ја однесе Амио, преведувачот на Плутарх: тој, во вековите што уследија, имаше многу повеќе успех од Рабле.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислам дека како резултат на таквото негово расудување можеше да уследи сожалувањето или пак омразата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе