усмрти св.

усмрти (св.)

Се чинеше божем тука поминала чумата и сѐ усмртила.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сонцето ќе нѐ усмрти сред купот црвена земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вие ја усмртивте мојата снаа.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ништо да не ѓибате, оти Германците растуриле пари, насолени со отров, вели, и некои сатови што ќе ти пукнат в раце, и некои писалки, пиштолчиња и билии и секакви играчки што можат да те усмртат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас само не сакам да го усмртам вашиот син и тоа е сѐ. Затоа сум овде.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
А во негова најнепосредна близина бил злогласниот логор Терзинка, во кој нацистите усмртиле стотици илјади невини животи од цела Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
САЗДО: Рековте дека сум ја усмртил вашата снаа.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Физички ја усмрти мојот претходник, но вистинскиот убиец, да знаете, вистинскиот убиец сте ВИЕ, госпоѓо.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Со гласноста на плачот, прво го вознемирил кучето од дворот, а потоа усмртил 500 кокошки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еден допир со животинката ќе те усмрти не само во овој, туку и во сите други, идни твои животи“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ЛЕНА: А сега ве фаќа уплав и при самата помисла дека би можеле да го усмртите и мојот син.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)