ученичка ж.
ученички прид.

ученичка (ж.)

Се држиме за раце, ко ученички што добиле петка и цел пат се подмочнуваме од радост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Скоро на секој час, кога обработувавме дела од светската или домашната книжевност, пред таблата во училницата излегуваше една ученичка - таа што имаше најдобра дикција и читаше фрагменти од делото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ервехе си го најде местото меѓу ученичките чие хорско пеење допирало од блиската училница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Веројатно некоја ученичка што со екскурзија го посетила бродот тука ја заборавила.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Никогаш не бев предобра ученичка, затоа што училиштето не беше место во кое ги пронаоѓав своите интереси.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопчуваа од подот Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако беше ретко добра ученичка, не се запиша на факултет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За прв пат во животот имав можност да бидам примерна ученичка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сите наши ученички: и малите рисјанки, од католичка и од православна вера, и муслиманките, младите д’нмевки (сефартките преобратени во муслиманска вера) и израелитките!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако биде чиста и внимателно испишана, тоа ќе кажува дека си добра ученичка и сите ќе се гордееме со тебе.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Мајка Амелија, насетувајќи ја дилемата, ќе продолжи: „Нашите ученички ги учиме заедно да пеат на француски јазик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше одлична ученичка без ниту една четворка низ четиригодишното образование.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Учев во претсобјето. Во дворот си играше Ели со две ученички од нивниот клас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ме праша во каква врска сум со ученичката Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Деспина е рокерка и за разлика од нив двајцата, е одлична ученичка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Оние две слики баба ми ги добила од некој новинар, кој специјално се искачил да ги снима ученичките во акција - пошумување на голините на Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога бев јас ученичка, многу сакав да одам на прошетки!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А тоа е поважно: не можеш да станеш балерина, ако не си ученичка!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе