федерален прид.

федерален (прид.)

Набргу сите разбраа дека Чанга ги надмудрил републичките и федералните стратези кои го подготвуваа судскиот процес на деценијата во јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше избран Президиум на Народното собрание кој на 16 април ја именува Првата Влада на федерална Македонија, кооптира нови членови во Народното собрание и именува членови во Федералниот суд на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И со овој документ му се признавало правото на македонскиот народ на националната посебност, а во новата федерација Македонија имала рамноправен статус со останатите федерални единки.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не доцнеа инструкциите од републичките и федералните центри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Односно, дали Македонија ќе се задоволи со федералниот статус во рамките на југословенската федерација или ќе настојува преку федерацијата да го реализира обединувањето на Македонија во рамките на Југославија или во некој друг вид федерација, на пример балканска или во рамките на бугарско- југословенска федерација во која би влегол и делот на Македонија под Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На сите им беше заедничка амбицијата како да си ја задржат власта над луѓето во езерската земја, почнувајќи од функционерите од локално, па сѐ до републичко и федерално ниво.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На партиските стратези на развојот во градот им стануваше сѐ појасно дека козарите неповратно се оддалечуваат од глобалната директива наложена од федералниот центар – по секоја цена во првата петолетка на развојот да станат дел на работничката класа. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Втората солуција, според него, била „балканска федерација, во која ќе бидат вклучени сите балкански народи, откажувајќи се од својот мал национализам во рамките на заеничката федерална држава, секоја земја задржувајќи ограничен суверенитет“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, скорешната посета на федералниот министер за надворешни работи повеќе се должеше на неговата официјална посета на Тунис по падот на бургибизмот, отколку на некоја посебна иницијатива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со донесените одлуки АСНОМ се конституирал во Врховно, законодавно и извршно тело, а Македонија стана државно-правен субјект и рамноправна федерална единица на Демократска Федеративна Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Затоа беше смирен, колку и да беше погубен за сите нас гласот од радиото: – Планот за уништување на козите е разработен и до најмалите подробности, на високо републичко и највисоко федерално ниво.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Федералните власти веруваа дека во таа „јужна република“ ќе имаат најмалку проблеми со козјото прашање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во својот последен роман, Мирко Ковач „Град во огледало“ со кој ги собра книжевните награди на три држави - бивши федерални единки на СФРЈ, на вметнатите цитати во содржината на романот, не ги именува авторите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во барањето начини за заштита на своите интереси, Британците од своја страна сметале дека со формирањето на една "унија од сите балкански држави, сојузнички и непријателски, и со вклучување на Турција во федералната држава, би се решиле балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговата радост беше прекината од федералната летачка администрација со одземање на дозволата поради неодобрен лет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Првин станавме политички емигранти, за потоа да се здобиеме со државјанството на новата земја, федералното и републичкото, за потоа да станеме припадници на малцинство, па на народност (поради тоа што имавме и матична татковина)!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според нив "очигледно е дека партизаните ќе работат на својата федерална шема не само врз принципот на национализам туку ќе ги земат предвид сите сили кои се за формирање автономни држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Такви беа последните републички и федерални инструкции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Вуковар, откако пред тоа ги уништи градот и луѓето, федералната војска краде од продавниците пони-велосипеди.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе